AnnaMolly RR -> Хуманоста на дело - нова хуманитарна акција на Рингераја! (29.3.2013 15:42:38)
|
Овојпат станува збор за собирање донации за две семејства на кои им е потребно се што може да одвоите - опрема за домаќинство, ќебиња, пешкири, облека за сите возрасти и за двата пола, обувки, играчки, прибор за јадење (чинии, лажици, виљушки, чаши, шољи...). Со еден збор - се е добредојдено. Едното семејство е од Орешани со пет дечиња, а другото со две дечиња и едно бебе на пат од Пехчево. Акцијата ќе се случува најмалку една недела, а веќе од утре кој што има собрано може да донира. Замислата овојпат е секој во слободно време, кога ќе може, да донира што сака и ние потоа собраните донации ќе ги однесеме кај семејствата. Кога ќе сакате да ја однесете својата донација ЈАВЕТЕ СЕ КАЈ ИРЕНА - 076806208, за да се договорите каде и кога да се сретнете и да ја оставите вашата донација. Значи почнувајќи од утре, па најмалку до петок (05.04) ќе може да одите да донирате, на кој кога му одговара. Се надевам на голем одѕив!
|
|
|
|