| 
				  Hopeful RR ->  RE: Трудници во второто тромесечје - од 13 до 26 недела II  (13.7.2015 15:48:37)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Девојки, со среќа бременостите и не се замарајте за тоа што не ви се најсреќен и најлесен период од животот [sm=smiley36.gif] Во нашава околина постои некое мислење и општо очекување дека кога бременоста е најубавиот и најпријатниот дел од животот, и дека е уживање сама по себе, но тоа кај некои прави само поголем проблем, бидејќи едноставно, не сме сите исти и не може сите да уживаме во истите работи.       И јас имав таков притисок, потсвесно наметнат, дека ете, после се, треба да уживам и да се опуштам, ама никако не ми успеа во тоа, од прв до последен ден. Еден страв се заменува со друг, едни мисли со други, и едноставно, тоа е тоа. После некое време, решив дека нема да се оптоварувам со тоа и едноставно прифатив дека цела бременост ќе ми биде малтене во грч, и фала богу, се излезе ок. Пробајте да се олабавите колку можете, а ако не можете, big deal.       Во однос на исцедокот, нема потреба од терапија обично, бидејќи е нормален. Дабростон пиев и јас кога прокрварев од хематомот, плус Прогестерон за секој случај. Болките се исто така нормални, и само зголемете ја дозата Магнезиум [sm=smiley1.gif] 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |