Hopeful RR -> RE: ви недостигаат ли вашите баби и дедовци ? (23.6.2014 12:10:03)
|
Ооо, и тоа како... [sm=smiley13.gif] Баба ми по татко починала пред да се земат моите и од таа страна го знаев само дедо ми, кој беше сосема ок, добар човек, но не бевме нешто многу блиски како дедо и внука. Но од страната на мајка ми, баба ми и дедо ми ми беа светла точка во животот, ми се чини дека се уште ми се... Пример за брак со љубов, разбирање, почитување и внимание... Секое лето и зима кај нив, први другари, посебно блиска со баба ми, која стварно ми беше ангел чувар... Починаа кога бев во средно, и тоа баба ми почина баш на мојот роденден, и од тогаш наваму и не ми е некој омилен ден во годината. Многу ми недостигаат, ама многу. Баба ми се уште имам чувство дека е тука покрај мене, дека ме води во тешки моменти и дека ми дава сила. Каква позитивна енергија, сила, издржливост, оптимизам, ведар дух... Ме натаживте со темата, но и некако убаво што си се присетивме сите на бабите и дедовците [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|