Албино деца (Целосна верзија)

Форум >> [Дете] >> Подигнување



Порака


Pepelaska * -> Албино деца (13.3.2013 12:35:34)

Баш сега слушав на емисија Тунел на прва што ја даваат, ова беше тема.
Колку посебно внимание и пазење треба, како реагира околината на нив ?

[img]http://doktori.mk/files/upload/210/pocetna_tumblr_l22na2Qf561qbuxrl.jpg[/img]

Албинизам
Албинизмот кој што се наоѓа во групата на наследни пореметувања, резултира со многу ниска или нулта продукција на пигментот меланин. Типот и количината на меланинот кој што го произведува телото ја определува бојата на кожата, косата и очите. Повеќето луѓе кои што имаат албинизам се сензитивни кон изложеност на сончева светлина и имаат зголемен ризик за развој на рак на кожа.


Меланинот исто така игра улога во развојот на одредени оптички нерви. Сите форми на албинизам предизвикуваат проблеми со развојот и функционирањето на очите. Иако не постои лек за албинизмот, луѓето кои што го имаат ова пореметување можат да презвемат чекори со кои што ќе го подобрат видот и ќе ја намалат изложеноста на сончевите зраци. Албинизмот не го ограничува интелектуалниот развој, но луѓето со албинизам често се случуваат социјално изолирани и можат да се почувствуваат дискриминирани.
Симптоми



Симптомите на албинизмот обично, но не секогаш, се видливи на кожата, косата и бојата на очите кај индивидуата. Без разлика на ефектот на албинизмот на изгледот, сите луѓе кои што го имаат ова пореметување имаат проблеми со видот.



Кожа



Иако најчесто препознатливата форма на албинизам резултира со млечно бела кожа, пигментацијата на кожата може да варира од бела до кафена и во некои случаи може да биде и скоро иста како и кожата на родителите или роднините кои што немаат албинизам.



Кај некои индивидуи кои што патат од ова пореметување, пигментацијата на кожата скоро никогаш и да не се менува. Кај други, производството на меланин може да започне да се зголемува за време на детството и адолесценцијата, резултирајќи со мали промени во пигментацијата. При изложеност на сонце, кај некои индивидуи можат да се развијат:


Пеги
Бемки со или без пигментација
Големи пеги налик на точки


Коса



Бојата на косата може да се движи од многу бела до кафена. Луѓето кои што се од африканско или азиско потекло и имаат албинизам, може да имаат жолтеникава, црвеникава или кафена боја на косата. Бојата на косата исто така може да се променува до дваесеттата година од животот.



Боја на очи



Бојата на очите може да варира од светло сина до кафена и може да се променува со текот на годините.


Недостатокот на пигментација во обоениот дел од окото (ирисот) придонесува за појава на таканаречен “проѕирен“ изглед на окото. Тоа значи дека ирисот не може комплетно да ја блокира светлината која што влегува во окото. Поради оваа проѕирност, многу очи кои што имаат светла боја можат да се перцепираат како црвени при одредено осветлување. Тоа се јавува поради тоа што кога се гледа во окото на личноста со албинизам, се гледа онаа светлина која што е рефлектирана од задниот дел на окото и која што повторно поминува низ ирисот – слично на ефектот “црвено око“ кое што се појавува при фотографирање со блиц.



Вид



Знаците и симптомите на албинизмот кои што се повразни со функцијата на очите вклучуваат:


Рапидно, присилно движење на очите напред-назад (нистагмија)
Неможност двете очи да останат насочени кон иста точка или да се движат истовремено (страбизам)
Екстремна неможност за гледање на далечина или близина
Сензитивност на светлина (фотофобија)
Астигматизам

Извор:за здравје


Навистина ли се чувствуваат дискриминирано ? Јас имам едно внуче со албинизам мало е уште ама се издвојува секако, а исто и една снаа на мм , секогаш е поинаква ,нормално,ама си има сосема нормален живот.




srculko -> RE: Албино деца (17.7.2013 11:58:20)

I moeto detence e belo bela kosa vo posledno vreme taka pozoltuva po nekoj pramen,beli vegi i trepki od toa sto jas go znam imalo nekolku tipovi na albino e sega nekoi luge osven voa sto go nabroiv nemaalo da imat nikakov problem vo razvoj a kaj nekoi tipovi mozelo da se javi nesto nesakano nekakvi posledici.se nadevam deka kaj nas ke bide se vo red oti normalno odi zboruva kontaktira so drugi luge edino so mi smeta e toa lugeto na ulica zjapaat vo nego i non stop komentari lele ama e belo,pa rusince svegance pa koj bil volku bel inaku i jas i mm sme smegi ne sme crni ama ete cudni luge ako ima nekoj slicno iskustvo ili ako znae nesto na temava sakam da slusnam mislenja pozz.




Страница: [1]