Mila mamicka -> RE: Сакам да спијам кај баба! (4.12.2014 10:36:52)
|
Кај нас ова се случуваше додека син ми не одеше во градинка. До негови 2 и пол години го чуваше свекрва ми, и преку ден си се успиваше со неа работните денови. И така се случуваше, навечер да рече сакам да спијам со баба. Ама тој всушност сакаше да се успие со неа. Кога ќе се успиеше, го земавме горе во креветче и немаше никаков проблем. И да се разбудеше, и да видеше дека е горе, не правеше никаков проблем. Е сега, еден период, цел месец, секоја вечер сакаше да се успие со баба му, и иако знаев дека тоа е така затоа што е навикнат на неа преку ден, понекогаш ми паѓаше многу криво, и дури на моменти си мислев дека детево не ме сака. Ама, тој период помина, и сега се си е по старо. А кога го оставам кај моите на спиење, не прави проблем, си спие со мајка ми и не ме бара.
|
|
|
|