Calypso -> Филмови според книги (12.3.2013 11:24:06)
|
Често се случува познати светски класици и бестселери да бидат екранизирани, многу пати успешно. Што мислите, што е подобро, книгата или филмот? Што би одбрале вие? Јас лично ги преферирам книгите, прво да ја прочитам книгата па да го изгледам филмот. Сметам дека книгата е подобра од филмот, иако сликата вреди илјада зборови. Едноставно, книгата ми дава поголема слобода сама да си го изрежирам дејството (пред се затоа што овозможува повеќе информации), а филмот е нечија замисла на одредено дејствие, во кое може, но и не мора да се пронајдете. Некогаш филм ме заинтригирал да ја прочитам книгата. Тоа беше случај со Господарот на прстените, и оттогаш сум фан на фантазијата како книжевен жанр. Омилени дела според книги ми се веќе спомнатите (трилогијата Господарот на прстените), потоа Чоколадо, Ана Каренина (со Грета Гарбо), Ромео и Јулија на Баз Лурман. Кои се вашите омилени филмови според книги?
|
|
|
|