Mila mamicka -> RE: RE:„Улогата“ на жената во семејството/домот (14.5.2014 13:11:05)
|
Па мислам дека успева и кога си во заедница. Еве ние сме во заедница, и свекрва ми, со маж и двајца сина цел живот им била слугинка, никој по дома ништо не фаќал. Кога дојдов јас да живеам тука, почнав прво од мм, и таа секогаш ми викаше, ако јас не сум го научила да работи по дома, научи го ти. Па така, не само што го научив мм, туку полека полека, и свекор ми, па и девер ми. Кога се чисти дома, на сите им давам задолженија, и сите си ги извршуваат без збор. Јас сепак грешката ја гледам во неа, требала уште на почетокот да си олесни, и да ги научи сите да и помагаат. Затоа, сметам дека може мажот да се научи, па дури и на 30 години, па богами и на 55 (како свекор ми), само треба да има волја, и тоа да биде на убав начин кажано, а не преку расправии и префрлувања.
|
|
|
|