Bethany -> RE: Хипохондрија (11.2.2013 12:03:57)
|
Не се плашам од болести, не умислувам, не барам симптоми. Се чувствувам добро, кога не се чувствувам добро одам на лекар. Искрено ми е жал од хипохондрички луѓе, мислам дека тоа е тешко психичко ропство, кое итекако влијае потоа на целиот организам и физички и ментално. Миана, и сама си свесна дека самата си бараш симптоми, ти ко да сакаш да бидеш болна. Не ме разбери погрешно, добронамерно ти кажувам, опусти се, прави се што е добро за здравјето, здраво се храни, биди физички активна, гледај што помалку да се нервираш и тоа се работите кои ние може да ги правиме. На другото не може да влијаееме. Секое тело си кажува ако нешто не му е во ред, така да ти не треба да ги бараш симптомите, самите ќе те најдат ако недај Боже затреба, туку да се опустиш и живееш. [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|