sandriana RR -> RE: Љубовен живот по развод (12.1.2013 11:30:29)
|
Далеку да биде, но ако неизбежно дојде до тоа - не би си го лишила емотивниот живот, дефинитивно. Не дека е лесно да се продолжи, и да се справи човек со балканскиов менталитет (се надевам се оправа полека) во однос на "распуштениците" - но, со тек на време би се потрудила да направам добра проценка и да си најдам соодветен човек. Мајка ми после разводот реши дека треба да остане сама и да се посвети на мене,и го додржа тој став, за што не ја оправдувам. Сметам дека особено за подоцнежни години треба да се има партнер покрај себе. За ралика од неа, татко ми се прежени (да си имал домаќинка по дома) - и ок ми беше тоа - кога не бива со мајка ми, зашто да остане сам (не дека му се посреќи многу, на крај си почина запоставен од жена му, ама кој се надевал, нели). Да не забегувам многу - зависи од Х фактори - табиет на човек, емотивна зрелост,...,но за мене е во ред да се продолжи понатаму со животот, и да се учат лекции од минати искуства, да се собира мудрост од животните ситуации...
|
|
|
|