SkCura77 -> Лекарски прегледи по породување (10.1.2013 23:04:08)
|
Сакав да прашам дали постојат некои препорачливи прегледи по породувањето. (Ако има ваква или слична тема, слободно префрлете). Јас се породив пред 17 месеци и освен едно ехо на матката на 2 месеци (дали се вратила во нормала и да не има остатоци) и едно вадење крв по 15 месеци за превентива, ништо друго не направив. Некои мајки ме искараа, зашто се препорачувало да се направи ПАП тест по 6 месеци по породување, крв да се проверувало на секои 3 месеци, ехо да се правело 2 пати годишно, вагинален преглед еднаш годишно, ехо на гради обавезно по престанување на доење... Какви се вашите искуства, кои прегледи ги извршивте вие? Кои и колку често прегледи ви ги препорачал вашиот матичен гинеколог по породувањето?
|
|
|
|