| 
				  sandriana RR ->  RE: Проблем со црвено газе  (16.10.2015 10:28:16)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				      ИЗВОРНА ПОРАКА:  Felly RR      Lola добро што го спомна ова за пелените - јас некогаш ноќе му ги оставам и подолго, па тоа ми беше мисла, на колку саати му менувате ноќе?   А инаку за миење, се случува и по 5-6 пати во денот да го мијам, ако не го мијам, го бришам со тетра пелена и топла водичка.       Ако не е какано ноќе, сметам дека нема потреба од менување пелена. Како lukajana, помалите бебиња на кои им се случува ноќе да се искакаат - да се смени пелена, инаку не. И така после извесно време (негде после 40тина дена)регулираат биоритам и ретко какаат ноќе. Особено сега, кога заладува, да расоблекуваш бебе сред ноќ, па и да го расонуваш, нема потреба.    Почесто миење, избегнување влажни, соодветна крема за газе - тоа е превентива кај она редовно црвенило што се јавува кај скоро сите бебиња (не зборувам за исклучителни медицински случаи). И пак ќе се повикам на еозин и хиперманган кај изразено, подолготрајно црвенило. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |