Пешачење (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Наше секојдневие



Порака


Snowhite RR -> Пешачење (5.11.2012 20:15:50)

Ајде девојки сега да видиме дали пешачите или полесно ви е да си се качите во кола и да стигнете до саканата дестинација?
Јас моментално пешачам до работа и дома, тоа е некаде околу 1 час пешачење во денот, а овие неколку дена пошто го носам М на болница за чистење на носето, одам до болница која ми е уште подалеку од работата, па го враќам назад и после одам на работа и вечер до дома. Па не многу, само 2км, ми се чини дека километражот го отпревртив деновиве.
Убаво е да се пешачи, ама мислам дека ако имав кола, немаше да слезам од неа, за такси не ми се даваат пари.




Snowhite RR -> RE: Пешачење (5.11.2012 20:17:03)

Пешачењето е најлесен начин за продолжување на животот

Дали сте знаеле дека секоја минута пешачење може да ви го продолжи животот за 1,5 до 2 минути? Неколку последователни научни студии покажаа дека луѓето кои пешачат редовно, живеат подолго, имаат помала телесна тежина, понизок крвен притисок и подобро општо здравје од оние кои избегнуваат пешачење.

Пешачењето го продолжува животниот век

Пешачењето по повеќе од еден час дневно значително го зголемува животниот век. Уште поважно, кај луѓето кои пешачат, и покрај тоа што живеат подолго, трошоците за медицинска нега не се зголемуваат.

Пешачењето го изострува умот

Неделното пешачење од 10 до 15 километри помага во зголемувањето на сивата материја во мозокот, што помага да се намали ризикот од когнитивно пореметување и проблемите со концентрацијата.

Помага при снижувањето на крвниот притисок

Пешачењето по 30 минути на ден, три до пет дена во неделата, дури и кога тие 30 минути се разделени во интервали од по 10 минути, значително го снижува крвниот притисок.

Одлично е за здравјето на коските

Ова е особено важно за жените во постменопаузалната фаза, бидејќи одењето нога пред нога, значително ја зголемува густината на коскеното ткиво и го забавува губитокот на коскена маса.

Го намалува ризикот од мозочен удар

Неделното пешачење од 20 или повеќе километри може да го преполови ризикот од мозочен удар, особено кај населението на возраст преку 60 години.

Го подобрува расположението

Доколку сте нерасположени или депресивни, пешачењето секогаш е брзо и едноставно решение. Само 30 минути пешачење ќе ги намали чувствата на напнатост и депресија.

Согорува калории

Пешачењето по само 20 минути дневно, на годишно ниво значи 3 килограми масни наслаги помалку.

Пешачењето е непријател на несоницата

Имате потешкотии при заспивањето? Обидете се да пешачите со бавно темпо, приближно 45 минути секое утро, пет дена во недела и за многу брзо време ќе забележите дека квалитетот на спиењето значително ќе се подобри.







Bogdancanka -> RE: Пешачење (5.11.2012 21:38:14)

jas sakam da si pesacam najcesto preku den, za navecer sama da odam nekade tesko ne deka nesakam tuku mi e strav ako imam drustvo nemam problem....porano pesacev so drustvo sekoja vecer ali sega ni se raspadna ekipata[sm=smiley36.gif]i zavrsi pesacenjeto...mm da go baram za drustvo nema sansi a bas bi sakala no,kako i da e eden del od denot go pominuvam vo pesacenje




gina -> RE: Пешачење (5.11.2012 21:49:52)

i jas sakam mnogu da pesacam ama sega toa go pravam retko porano sekoj den pesacev i nemam drustvo so mm nekogas izlagame ama jas sum vo mal grad i nema mnogu kade da odis i sama ne mi se odi ubavo e malku da se izduvas




AnnaMolly RR -> RE: Пешачење (5.11.2012 22:02:06)

Најчесто пешачам „силум прилике“. Живеам во Бејрут [sm=jezicek.gif], тука нема автобус, морам 12 минути до автобуска да пешачам сосе дете, да се возам 1 станица, на втората да се симнам и пак да пешачам 10 минути, па летово одев пеш. Од дома до градинка=30 минути, од градинка до работа 20 минути. Значи по 50 во еден правец, а и назад пешки се враќав и супер ми беше. Ослабев 7 кила за еден месец.
Пешачењето ми е единствена опција затоа што реков нема автобуска во близина, а возачка немам. Сега откако залади морам да одам со такси до градинка, што ми е многу скапо ама немам избор, па до работа пешки продолжувам.
Заклучок - да, пешачам затоа што морам.




majka na eva -> RE: Пешачење (5.11.2012 22:22:32)

пешачам секое утро кога одам да го земам млекото на ева.ама тоа е само 20мин.за повеќе не знам[sm=zmeden.gif]ама така низ дома си се раздвижувам.натаму-наваму постојано сум на нога по цел ден.ако тоа се смета во пешачење[sm=smiley36.gif]ама не[sm=smiley1.gif]




Џесика -> RE: Пешачење (5.11.2012 22:40:30)

Имаше период кога воопшто не пешачев, и многу се чувствував неубаво, тромаво, омалаксано... тоа беше летово, кога и работата ми беше со 8 саати седење, па толку клапнав што од толку седење, после работа во автобус ќе влезев и барав место да седнам... се запрепастив колку омлитавев!!! Сега секој ден пешачам. Наутро со син ми до градинка, од таму на работа, се на се 30 минути пешачење на отворено и 7 саати на работа на нозе [sm=smiley36.gif] Имам и орбитрек дома за да одржувам континуитет ама едноставно сум преморена да пешачам на него, може некогаш ќе смогнам сили [sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Пешачење (5.11.2012 23:57:47)

Работата ми е блиску, ама како што одам по три пати [sm=smiley13.gif]- појди-врати се, па ми се собира 1,5 саат пешачење, само до работа.
Тоа што и на работа воопшто не седнувам, плус.




kapina -> RE: Пешачење (6.11.2012 0:04:45)

pesacam sekojden od doma do rabotata i naszad oti mi e blisku rabotata zatoa




Pepelaska * -> RE: Пешачење (6.11.2012 8:10:44)

Пешачам и тоа мноогу, откога знам за себе. Едино мм не ме дружи па со него мора во кола.Ако е до мене и до Скопје би одела пешки[sm=smiley36.gif].
Многу позитивно ми влијае на мозокот, расположенитео, и секако на линијата[sm=smiley36.gif].




sandriana RR -> RE: Пешачење (6.11.2012 12:36:09)

Сакам и уживам во пешачењето. Се' дур не се породив, постојано одев пешки. Сега малку помалку, поради тоа што морам да го прилагодам времетраењето на пешачењто на тајминг на бебе. Ама кога ќе порасне доволно, пак ќе се вратам на старо темпо - ветувам [sm=smiley1.gif]




Cipi Ripi -> RE: Пешачење (6.11.2012 12:41:47)

Не пешачам веќе цела недела, од кога залади ептен и дождови од кога фатија, ми е страв да не го разболам детево. Инаку пред тоа секој ден пешачев со бебе во кенгур од рамстор од рузвелтова и назад.




Mila mamicka -> RE: Пешачење (21.8.2014 10:14:15)

Доколку човек не може да вежба, пешачењето е една убава активност, која влијае и на расположението и на линијата секако. Пред да се омажам, дома немавме кола, и секаде си бев навикната да си одам пешки. Живеам во град, каде што, каде и да тргнеш, ќе стигнеш за помалку од половина час. Е откако се омажив, силум прилика, ова се смени. Иако живееме во најстрогиот центар на градот, мм е толку навикнат да оди со кола, што кога одиме некаде заедно, секогаш се возиме со кола, па макар и да се работи за многу блиска дестинација. А јас, кога треба да одам некаде сама, секогаш си одам пешки. Кога останав бремена, а и сега со син ми, и мм малку по малку се навикнува да пешачи, ама тоа само кога се работи за рекреативна прошетка. Инаку, кога треба да се заврши некоја работа, тој пак е во кола.




Defne90 RR -> RE: Пешачење (22.8.2014 1:15:53)

Јас порано многу пешачев и трчев по трипати до четири пати неделно.Ама откако се омажив некако како да го запоставив пешачењето.Виновник е секако мојот сопруг што со кола оди и до продавница.И така и јас со него си се навикнав да си се превезувам дека полесно е така ама далеку от тоа дека е подобро за здравјето.Секако дека е подобро кога се има прилика и кога се може да се изгенуваат автомобилите и да се пешачи.




LoveableMe RR -> RE: Пешачење (23.9.2014 13:31:14)

Обожавам да пешачам, навистина уживам во пешачењето и секој ден одам пешки низ град, но обавезно одам и на пешачење покрај Вардар и правам најмалку 5км, некако тоа ми прави задоволство и ако не отидам во неделата да испешачам неколку пати, како мрдната сум...сакам сакам и сакам пешачење[sm=smiley1.gif]




Felly RR -> RE: Пешачење (23.9.2014 13:43:34)

Јас пешачам секој ден до работа. Претходните години сум одела и по два пати, па доволно ми е тоа.[sm=smiley1.gif]




Snowhite RR -> RE: Пешачење (24.9.2014 9:54:59)

Ех колку ми фали пешачењето, откако ја купивме колава скоро секаде одам со кола, ептен ретко одиме пешки, ама тоа на кратки релации
Летово еднаш бевме со колата со децава и со татко ми и мајка ми до едно езеро тука вештачко што го имаме и на враќање татко ми ја возеше колата, а ние си мм пешки се вративме, испешачивме добри 10 км и баш убаво чувство беше тоа иако наредниот ден се ме болеше[sm=smiley1.gif]




sandriana RR -> RE: Пешачење (24.9.2014 10:27:14)


ИЗВОРНА ПОРАКА: sandriana RR

Сакам и уживам во пешачењето. Се' дур не се породив, постојано одев пешки. Сега малку помалку, поради тоа што морам да го прилагодам времетраењето на пешачењто на тајминг на бебе. Ама кога ќе порасне доволно, пак ќе се вратам на старо темпо - ветувам [sm=smiley1.gif]

Таман почнев да го одржувам ветувањето од пред 2 години - пак иста песна со бебево Илина - пешачам низ дома [sm=smiley36.gif]. Додуша, вчера ја оставив половина час дома, па со Тина си испешачивме до трговскиот маалски и назад, и супер ми дојде [sm=smiley1.gif].




caciana -> RE: Пешачење (27.11.2014 7:44:00)

Mnogu me mrzi DA pesacam,sekoja prilik ja koristam da pretrcam so avtomobil.Inaku porano Mnogu pesacev,Sega nesto me mrzi




scared RR -> RE: Пешачење (30.11.2014 20:09:25)

Пешачиме постојано со мм, вртиме кругови низ населбава [sm=smiley36.gif] се одржуваме во форма [sm=jezicek.gif] а и кога имам работа низ град пешачам доколку не е многу далеку, не ми се дава пари за автобуси доколку не сум со кола, па затоа си одам пешки [sm=smiley1.gif]




tincule -> RE: Пешачење (17.12.2014 15:20:15)

Тема за мене [sm=smiley36.gif] значи од кога знам за себе нонстоп пешачам нозеве ми се превозно средство, каде и да одам ај пешки без разлика колку далеку е. Цела трудноќа ја поминав во пешачење до 9 месец е после малце ми натежна па неможев толку, ама зборам не пешачење по 15 минути на кеј, [sm=smiley1.gif] будала ме правеа и ме караа ама многу ми помогна, и убаво ми беше. Плус и работава ми е таква цел ден на нозе и пешачи и трчи де нагоре де надоле, е арно ама сега почнаа веќе последиците да ми се гледаат од толку стоење и одење, едната нога после одреден период неможам ни да газам боли до срце , ни масаж не помага ни ништо.Ама тоа ти е во секој случај се едно нешто колку предности толку мани нели [sm=smiley1.gif]ама поубаво е да си попешачиш во текот на денот отколку се со кола или автобус, па се погоди и мм таков летно време знаеме да излеземе и да шпартаме онака низ муабет и сме поминале 5-6 километри [sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif] Се надевам и моја Д ќе се погоди па ќе шета со мама повеќе [sm=smiley1.gif]




Страница: [1]