| 
				  AndreaS ->  RE: Облекување на бебе во зима  (23.10.2011 12:10:39)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Andriance, штом се е во ред, значи добро си го облекла бебушот.   Инаку, јас деновиве кога ја шетам ќерка ми ја облекувам во тенки хулахопки, дебелки панаталончиња или тренерки, боди на куси ракави, блуза на долги и дебел дуксер, чорапчиња и кондурчиња. Е сега ако има малку барем ветер, одма и ставам капче на главата и за тоа стално имам дилема дали треба или не треба. А тргнувам од себе, ушите ми се слабост и ако малку ме фати ладно, почнуваат да ме болат и цела глава ме фркнува од нив. Плус ќерка ми нема многу косичка што би ја штитела (има 10,5 месеци). По дома, боди на куси, блуза на долги, есенски памучни тренерки и чорапчиња, и понекогаш ако осетам дека има потреба и облекувам пуловерче... 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |