Бонтон на масата (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Да готвиме заедно



Порака


profesorica -> Бонтон на масата (7.10.2009 13:26:51)

Поставувањето и однесувањето на масата за јадење постојано го привлекуваат вниманието на сите оние кои уживаат во долгите оброци. На оваа тема ѝ се придава големо значење и денес веќе тоа се претвори во вистинска уметност. Постои огромен избор на книги и совети како тоа да се направи на правилен начин. Но, сите совети ќе бидат залудни, доколку не употребите малку од вашата фантазија, креативност и личниот вкус, кои мора да признаеме дека ги поседува секоја жена.

Масата може да се постави на безброј начини, но постои едно општо прифатено правило кое најчесто се користи – масата мора да е прекриена со чаршаф кој е беспрекорно чист и испеглан. Важно е да биде со неутрална боја (црвена, на пример, не смеете да си дозволите бидејќи сите гости ќе се чувствуваат напнато и нестрпливо). Потоа, за секој гостин се поставува голема плитка чинија и преку неа длабока (ако се служи течна храна. Ако не, тогаш помала плитка чинија); од десна страна треба да се постават голем и мал нож и лажица (ако се служи супа); додека од левата страна мала и голема вилушка, а пред чинијата мало ноже, вилушка и лажица за десерт. Од десната страна, пред чинијата, се редат чашите, чиј број зависи од тоа колку пијалаци ќе се служат. На крајот, во секоја чинија се става убаво обликувана хартиена салфетка.

Покрај главната маса, би било пожелно да има помошно масиче на кое се става употребениот прибор. Лебот се служи во корпа наменета за тоа или на секој гостин посебно во тацна, која се поставува исто како и чашите само од лева страна. Кога во прашање се чашите и пиењето, улогата ја презема домаќинот. Никогаш на масата не ставајте шишиња вино, вода, масло или оцет. Тој обичај е резервиран само за интимни оброци.

Домаќинот седи на чело на масата, а домаќинката на крајот на масата. Почесни места се тие кои се на десно од нив двајца. Од десната страна на домаќинот обично седи гостинот на кого му се придава најголемо значење или највозрасната дама, додека до домаќинката најзначајниот или највозрасниот гостин од машки пол.

За крај, гостите се нудат со храна од нивната лева страна. На тој начин, секој од нив ќе може да се послужи слободно и едноставно. Пред десертот, неприметливо треба трошките од јадењето да се отстранат. Како шлаг на целата приказна, во просторијата нека се рашири арома од некое прекрасно и квалитетно кафе.

Bon appetite!




ripce -> RE: Бонтон на масата (5.12.2009 10:25:32)

Бонтон совети

ДЕЛОВЕН РУЧЕК ИЛИ ВЕЧЕРА

Голем дел од договорите и бизнис работите се склучуваат за време на деловните ручеци и вечери (за деловни појадоци сеуште немаме слушнато). Овој факт не треба да зачудува затоа што собирањата околу маса полна со вкусна храна и пијалаци носи убаво и релаксирано расположение, кое на крајот ќе финишира со договарање на некоја зделка која оди во прилог на деловните партнери.

Иако, на прв поглед, организирањето на ваков настан изгледа едноставно, сепак, постојат правила кои треба да се почитуваат во ваквите случаи. Соодветен кодекс на облекување, пристигнување на време, умереност во јадењето и пиењето се некои од темелите на културата и доброто однесување.

ИЗБОР НА РЕСТОРАН
Но, како и да е, првото што треба да се реши е ресторанот кој ќе биде локација на деловната средба. Посетете неколку ресторани кои се на списокот кој претходно сте го исчистиле од сите оние места кои не служат за деловни средби. Распрашајте се во какво окружување се наоѓаат, дали имаат паркинг, кои се специјалитетите на куќата, кои се најдобрите маси и каква е послугата.

Ако вашите гости се од странство, бидете сигурни дека ресторанот има менија на англиски или друг јазик и дека нуди специјалитети на македонската кујна. Секако, мора да имате предвид дека гостинот можеби нема да сака да експериментира, па одберете ресторан кој ги има и основните јадења на интернационалната кујна. Правило е масата да ја резервирате однапред, особено ако имате поголема група на гости.

Во некои ресторани можно е менито за ручекот или вечерата однапред да го составите. Ова е случај, кога сакате гостите да ги изненадите со некое вкусно јадење за кое треба повеќе време за приготвување или се потребни посебни продукти.

БИДЕТЕ ВИСТИНСКИ ОРГАНИЗАТОР
Најдобро е вие како организатор да дојдете први. Замолете го келнерот да ги испрати вашите гости до масата. Вие утврдувате кој каде ќе седи и му го покажувате местото на гостинот. Доколку имате само еден гостин, тогаш вие треба да седите под прав агол во однос на него, бидејќи ако седите еден наспроти друг, тоа се смета за ривалство. Додека ги чекате гостите, не нарачувајте пиење, а во моментот кога ќе седнете ставете ја салфетката покрај чинијата.

КАКО ПОЧЕТОК
Како домаќин, дајте сигнал дека ручекот или вечерата може да почнат со тоа што ќе ставите платнена салфетка преку вашите колена. Дозволете им на гостите први да нарачаат, освен во случај ако мените е претходно утврдено. Доколку вие плаќате, претходно препорачајте им на гостите едно до две јадења со цел дискретно да им најавите со колкава сума располагате. Во просек, јадењето треба да трае 30 минути. Ако треба да станете од столот за време на вечерата, тогаш ставете ја салфетката преку столот.

ПРВИН ЗАДОВОЛСТВО, ПА БИЗНИС
Не е воопшто културно веднаш да започнете со бизнис разговор. Според некои непишани правила, првите 15-тина минути треба да поминат во неврзан разговор па дури потоа да се отворат позначајните теми.

ПЛАЌАЊЕ НА СМЕТКАТА
Плаќањето треба да се направи на дискретен начин. Ако сте во странство, тогаш на сумата додадете уште 10-20%, како бакшиш за персоналот. Можете однапред да договорите сметката да не ви се носи на масата, туку кога ќе си одат гостите. Како сигнал дека вечерата или ручекот е готов, ставете ја салфетката од лева страна на чинијата.

За крај, еден важен совет. Не заборавајте дека вие сте домаќинот. Креирајте пријатна и релаксирачка атмосфера и внимавајте да не дојде до незгодна тишина. Можеби токму таа весела атмосфера ќе ви донесе одлична зделка. ?




profesorica -> RE: Бонтон на масата (5.12.2009 11:11:52)

Bo ресторан

Ha влезот во ресторанот господата влегуваат први во просторијата за да ја оневозможат "потенцијална опасност”, прават извидница за миг, а потоа ја држат вратата отворена додека дамата по нив не влезе во објектот.

И помагаат на дамата да го соблече мантилот или капутот што го има на себе, a потоа господата го прашуваат келнерот за резервираната маса.

Ако случајно имате гума за џвакање в уста, веднаш замотајте ја во хартија и во џеб.

Некогаш беше правило мажите да ги плаќаат сметките во рестораните ама денеска не е невообичаено и девојката да побара сметка и да ја плати.

Бидете секогаш љубезни кон келнерот, откога ви е донесена сметката која тивко, незабележливо сте ја побарале, покрај сумата оставете и 10% бакшиш како благодарност за добрата услуга која сте ја добиле.



како се однесувате вие по ова прашање.Дали мажите редовно ви ја држат врата отворена или ви го соблекуваат и облекуваат мантилот, дали ви ја местат столицата за да седнете.Кој плаќа и какви ви се односите со келнерот?




mami -> RE: Бонтон на масата (5.12.2009 11:16:51)

ништо од горе наведеното...ниту врата држи, ниту столче мести, а за јакна да не зборуваме..и не ми ни смета искрено, мене ми е чусно кога така се однесуваат спрема мене, ми е неприродно некако..а за односот со келнерите- па какви се тие спрема мене така и јас спрема нив, ако се тие фини и јас сум, ама ако ги чекам повеќе од 10 мин да ме послужат тогаш сум малку груба...




Bogdancanka -> RE: Бонтон на масата (5.12.2009 11:21:45)

ИЗВОРНА ПОРАКА: mami

ништо од горе наведеното...ниту врата држи, ниту столче мести, а за јакна да не зборуваме..и не ми ни смета искрено, мене ми е чусно кога така се однесуваат спрема мене, ми е неприродно некако..а за односот со келнерите- па какви се тие спрема мене така и јас спрема нив, ако се тие фини и јас сум, ама ако ги чекам повеќе од 10 мин да ме послужат тогаш сум малку груба...


isto Mami i kaj nas e taka




profesorica -> RE: Бонтон на масата (5.12.2009 11:32:42)

За врата отварање и за столче не!!! и ок е така,  ама капутот редовно ми го облекува тој[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] и тоа ми годи а и другите девојки околу одма се вртат и гледаат како да велат:и јас сакам така!!![image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]

а за келнерот, па мм обично е многу љубезен со нив и редовно им остава бакшиш барем 10% а јас сум обично груба со келнерите особено ако чекам повеќе од 20-30 минути.




mami -> RE: Бонтон на масата (5.12.2009 11:35:22)

да чекам 20-30 мин??не се случило, нити ке се случи...еднаш чекавме во Амати толку и уште келнерката место да се извини уште погруба беше и само станавме и си отидовме




profesorica -> RE: Бонтон на масата (5.12.2009 11:39:14)

За пијалоците

Откога удобно сте сместени на вашата маса, уживањето во вечерта го почнувате со пијалок. Е тука доагаат најчесто до израз манирите. Чашата секогаш се држи за "стол-бчето", поубаво звучи кога се наздравува, а на тој начин го спречувате загревањето на пијалокот. Покрај тоа на чашата не се оставаат прсти.

Единствен исклучок кога е дозволено загревање на пијалокот со дланки е кога е послужено црвено вино чувано во подрум. Исклучок од правилото "држење за столбче"се чашите за коњак. Овие чаши имаат мал столб, сосема е неправилно да ги држите за столбче. Коњакот треба да се загрева со дланките, на тој начин доаѓа до израз неговата богата арома. Коњакот се пие без мраз, загревањето со фламбирање е уште еден распространет начин на служење на коњакот кај нас кој е погрешен. Чашите без столбче ги држжите за долната третина, а пред вашата голтка за време на вечерата усните ги бришете со салфета за да го спречите оставањето на масни траги на работ на чашите.

Аперитивите како што се порто, шери или коктелите како Мартини драј се служат пред јадење. Кога ќе почне вечерата веќе не се пијат. Ако дојде до менување на сортата на вино, претходното сервирано вино веќе не треба да се пие. Иако чашата не е празна, можете едноставно да ја оставите. Секако сите ќе имаат разбирање доколку не сакате да ја промените сортата на вино. Кога станува збор за здравиците, секогаш се гледа во очи кога се наз-дравува.




nadica -> RE: Бонтон на масата (5.12.2009 15:41:20)

за ова морам да го пофалам мм кога влегуваме во ресторан обавезно ја држи вратата ми го соблекува/облекува капутот и ми го мести столчето

а за келнерите тој е секогаш фин и им остава бакшиш а јас најчесто груба бидејќи не заслужуваат за поинаку дрски се и невоспитани тој е таму за јас да се осеќам добро а не обратно




profesorica -> RE: Бонтон на масата (7.12.2009 8:49:44)

Шминка

Остатоците од кармин на чашите се сметаат за голем прекршок на општо при-фатените правила на убаво однесување и се наречени “fauxpas”. Затоа дамите треба да користат сув кармин или пак треба да имаат нанесено кармин во мали количини.

Дамки од карминот ќе останат и на салфетата, тоа е уште една причина за дискретно шминкање.

Најчест трик кој жените треба да го користат е да нанесат малку пудра на усните, потоа прв слој од карминот чии вишок ќе го симнат со бакнување на хартиено марамче, уште еден слој на пудра и кармин.




BEBICA -> RE: Бонтон на масата (7.12.2009 8:55:21)

zа ова морам да го пофалам мм кога влегуваме во ресторан обавезно ја држи вратата ми го соблекува/облекува капутот и ми го мести столчето

а за келнерите тој е секогаш фин и им остава бакшиш


ova i mojot soprug go raboti no isto taka ne dozvoluva kelnerot da mi sipa vino vo casa tuku on.

Ito taka koga veke pisuvame za bontonot na masa.Zenata nikogas ne sme da se potpre na svoite podlaktici od racete toa izgleda nevaletno i napadno.Tuku i dodeka jade treba raceta bukvalno da ne gi potpira na masata.




profesorica -> RE: Бонтон на масата (7.12.2009 8:57:38)

да знам за ова со лактовиве, ама тешко ми оди, се некако ме тера да ги ставам на маса рацете[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]


Чепкалка

Во минатото беше дозволено дискретно чепкање на забите додека се наоѓате на маса но, според новите начини на организација на масите во рестораните и угостителските манири, чепкалката ја изгуби својата позиција на масата. Чепкањето заби треба да се извршува во тоалетот по ручекот или вечерата.




BEBICA -> RE: Бонтон на масата (7.12.2009 9:05:41)

да знам за ова со лактовиве, ама тешко ми оди, се некако ме тера да ги ставам на маса рацетеuser posted image user posted image user posted image


Znam profesorice mene mi trebase doolgo vreme dodeka da naucam.
Iako ponekogas ke gi stavano no odma mi teknuva i se povlekuvam.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




profesorica -> RE: Бонтон на масата (7.12.2009 9:07:52)

ИЗВОРНА ПОРАКА: BEBICA

да знам за ова со лактовиве, ама тешко ми оди, се некако ме тера да ги ставам на маса рацетеuser posted image user posted image user posted image


Znam profesorice mene mi trebase doolgo vreme dodeka da naucam.
Iako ponekogas ke gi stavano no odma mi teknuva i se povlekuvam.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]



да да и јас така, полека но сигурно ќе се навикнам.




profesorica -> RE: Бонтон на масата (7.12.2009 9:08:11)

Што треба да се избегнува

Гмечење на храната. Колку и да е вкусно тоа да го правите по дома избегнувајте ја ова навика кога сте на јавно место. Исто така не смеете да ја чистите чинијата со парчиња на леб. Мљацкањето е табу, а ако сте во Кина, дозволено е здригнување како добар манир додека сте на маса, ама во остатокот од светот тоа е неприфатливо. Шминкањето и чешлањето доде-ка сте на маса се смета за несоодветно.




profesorica -> RE: Бонтон на масата (28.12.2009 15:07:02)

Леб и нож за леб

Во подобрите ресторани како предјадење често се служи леб или тост. Да напоменеме дека лебот не се гризе и не се сече туку се крши на мали парчиња. Лебот се става на мали чинии за предјадење. Ако со лебот - тостот се служи и путер тогаш малата чинија, со малото ноже стои лево горе од главната чинија. И во овој случај лебот се крши на парчиња, секое парче се мачка со путер за да може да се внесе во уста како еден залак. По предјадењето и супата, чинијата со лебот е заменета со чинија со салата.




profesorica -> RE: Бонтон на масата (28.12.2009 15:07:51)

инаку вчера и завчера бевме по ресторани на прослави и мм пред сите ми мастеше стол да седнам и ми го облакаше капутчето.ух колку ми годеше тоа.[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




penelopa -> RE: Бонтон на масата (28.12.2009 19:01:45)

A jas mislev deka đentlmenite se izumreni [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley16.gif[/image]...i po tolku godini mene soprugot seušte mi otvara vrata od kola, me go oblekuva kaputčeto i red drugi raboti...e [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] 




tereza -> RE: Бонтон на масата (28.12.2009 19:07:39)

[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image][image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]за џентлмените[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]јас на жалост немам такво искуство а баш би сакала на тој начин да се однесува и мојот дечко




nana -> RE: Бонтон на масата (28.12.2009 19:42:36)

Сеуште не е доцна Тереза џентлменството се учи [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image] покажи му дискретно дека би ти годело да се однесува и тој така, не верувам дека нема да се потруди.
Иначе мене сопругот отсекогаш ми отвора врата, ми го мести столчето и помага околу капутот, навистина многу годи [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] Обично и двајцата сме љубезни кон келнерите.




profesorica -> RE: Бонтон на масата (12.1.2010 11:22:57)

Салфета
Салфетата е "процедура” која кај нас не се почитува, го нема своето заслужно место како почеток и крај на ручекот или вечерата. Салфетата во облик на квадрат домаќинот ја става во скут (ако сте на сеемен ручек), а кога тој ќе ја отвори салфетата тоа значи дека може да се почне со гастрономското уживање.

Таа служи да си ги бришете усните пред да се напиете од виното, секогаш ја користите горната површина на салфетата и повторно ја ставате во скут. Долната страна на салфетата заради облеката, секогаш останува чиста. По јадењето салфетата треба да се остави во положба со која флеките ќе останат на внатрешната страна.

Ја оставате лево покрај чинијата. Неправилно е да ја оставите салфетата во чинијата, ова правило важи за ткаените но, и за хартиените салфети.




AneLav RR -> RE: Бонтон на масата (7.2.2016 14:44:36)

Ајде малку да ја активираме оваа тема би сакала доколку имате некакви слики да ги споделиме. Како треба да биде наместена маста каде точно стои приборот, како се остава кога ќе се заврши со јадење и слично...




Страница: [1]