Bethany -> RE: Збогум за попладневното спиење (22.7.2013 16:35:25)
|
Подобро е што е можно подолго детето да спие попладне. АМА се зависи од детето, некое порано некое покасно престане со попладневна дремка. На пријателка син и, престана да спие попладне некаде околу две годинки. Едноставно немаше жива сила да го натера да заспие. АМА затоа мораше барем да одмара. Го носеа во соба, во неговиот кревет, му пуштаа цд со песнички и се додека цд-то не заврши не смееше да стане од кревет. На тој начин направија некој компромис барем телото да го одмара еднаш во денот, во одредено време, и после му стана навика. И навечер во 20 часот е легнат. Веќе некое време јас размислувам за син ми на оваа тема. Тој станува рано, најкасно во 7 е буден, легнува најкасно 21:30, попладневно спиење му е околу 12, спие по 2, некогаш и 3 саати. Ама приметувам дека потешко заспива, а ако го ставам покасно на спиење тогаш касно заспива навечер. А бидејќи рано станува, много е па и касно да легнува. Затоа, кога ќе дојде зима, пократок ќе е денот, ќе пробам да не спие преку ден, ама затоа најкасно во 20 часот да биде во кревет. Ќе видиме дали ќе му одговара така, да се пробат различити опции не е на одмет. [sm=smiley1.gif]
|
|
|
|