Bethany
|
ИЗВОРНА ПОРАКА: Bethany RR Веќе некое време јас размислувам за син ми на оваа тема. Тој станува рано, најкасно во 7 е буден, легнува најкасно 21:30, попладневно спиење му е околу 12, спие по 2, некогаш и 3 саати. Ама приметувам дека потешко заспива, а ако го ставам покасно на спиење тогаш касно заспива навечер. А бидејќи рано станува, много е па и касно да легнува. Затоа, кога ќе дојде зима, пократок ќе е денот, ќе пробам да не спие преку ден, ама затоа најкасно во 20 часот да биде во кревет. Ќе видиме дали ќе му одговара така, да се пробат различити опции не е на одмет. Еве дојде зима и синчето мое почна да се буни кога треба да оди на спиење, ама само за ово попладневно негодува. Дали го прекинуваме во активностите или што, ама се буни иако му најавувам спиење некои половина час пред да оди да спие, да има време психички да се припреми. Сепак мислам дека му е потребен сон, се има случено неколку пати да спие подолго насабајле (до 9,10) тогаш не го ни ставав да спие попладне, ама одеше порано во кревет навечер, до 20 часот беше заспан. Дури ни тогаш не му се гледаше дека е изморен, не беше нешто претерано кенкав, ама се уште кога го ставам да спие преку ден убаво поспие. Е мене оваа опција повеќе ми одговара, да легнува порано и спие покасно, ама не можам да бирам јас. Ќе видам како ќе биде, ама кога тој ќе инсистира на неспиење, нема да го терам. Само не знам како во градинка кога ќе тргне, кога тие дечињата спијат, околу 12? Па тој нема тогаш да заспива мислам, рано му е
_____________________________
" Maturity is knowing more and more what is worth fighting for, and what is not worth fighting for."
|