Развојот на бебето до 5 месеци (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Разговори на родители



Порака


mis. -> Развојот на бебето до 5 месеци (1.10.2009 12:22:21)

Помеѓу шест недели и три месеци вашето бебе најверојтно ќе :
  ... со очите да ги прати луѓето кои се наоѓаат во движење
  ... ќе има обичај да се загледа во некој предмет што има отсјај.
  ... ќе го подига до некаде градниот кош, ако е легнато на стомаче
  ... поголемиот дел од времето ќе го поминува будно
  ... ќе турка со нозете и ќе се одтурнува од кадичката

Помеѓу три и четири месеци вашето бебе веројатно ќе :
... почне да ги фаќа играчките со раце
... почне да гуга и да пушта гласови од задоволство
... да се превртува на страна додека лежи на грб
... ќе има обичај да се смири додека слуша нечиј глас или музика
... почне да си игра со рацете
... слободно ќе ја движи главата посматрајќи ги предметите и се што се случува околу него
... ќе се смее и ќе реагира на топлите зборови кои му ги упатувате
... ќе ја држи главата исправено


Помеѓу четири и пет месеци вашето бебе веројатно ќе :
... се смее на глас
... ја држи главата цврсто кога ќе го носите
... ги фаќа играчките
... плеска по водата додека го бањате
... ги дава рацете кога ќе сакате да го земете
... пробува да ги фати предметите
... галами кога ќе слушне нечиј глас
... ќе ја врти главата по предметите што ги носите надвор од неговиот видокруг
... ќе си игра со своите рачиња
... ќе ја подига главата и рамениците и ќе се превртува
... ќе се подига на рацеите и подлактиците кога ќе лежи на стомаче

До каде сте вие со развојот со вашето бебе?




Палешка РР -> RE: Развојот на бебето до 5 месеци (23.5.2010 10:26:42)

Се е така како што е опишано + плаче само по играчките со кои најмногу си игра, другите ако и ги дадам ги фрла [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image]




Страница: [1]