|
vezilka RR -> RE: Мали манипулатори (18.8.2016 23:00:33)
|
Ех колку Никола не знае да манипулира, толку малово е експерт на темата уште сега. Никола едноставно не му оди манипулацијата. Рој веднаш ќе се налути, и ќе се скараме и нема да добие тоа што намислил. А малово однапред има смислено тактика за нешто што мисли дека нема да му дозволиме. Прво ќе праша дали може, хаха да се осигура дека не може, да не се мачи за џабе, и кока ќе му кажеме не ќе каже доблооо. И по една минута почнува, мамааа гушнам јас, бакнам, види јас умен, помагам и ред други работи. Дури ми има цвеќенце донесено за да ме одоброволи( јас уште не знам од кај тоа му текнало) Па ќе прашува, мамо лутиш, немој тмилиме, гутнеме и сл. Истото и на Никола му го прави. Мажле вика овој на пазар ќе не продаде.
|
|
|
|