|
blue_blue -> RE: Крварење од нос (9.5.2012 16:27:03)
|
Беатрис, јас како мала, а богами и како поголема, некаде до 20 години имав крварења од нос без никаква причина. Точно, медицински не знам да ти објаснам зошто и како се случува тоа. Знам само дека не е опасно и дека она што треба да се направи во тој момент е детето да ја наведне главата надолу и да му се стине хоздрвата о која тече крв со марамче. Доколку се работи за обилно крварење треба да се стави во ноздрвата која крвари памукче кое е претјодно натопено во вода со сол (во филџан ставаш млака вода до 2/3 на филџанот и 1 лажичка сол, најдобро е морска сол), со тоа што треба солта убаво да се раствори во водата. Ова многу брзо го запира крварењето. Оваа појава си поминува сама од себе, а советиве ми се од лекар отоларинголог. Никако не смее детето да ја крева главата назад затоа што тоа не го сопира крварењето, а крвта оди во грло, па освен што е непријатно да голташ крв може да дојде и до загушување недај боже ако се работи за обилно крварење.
|
|
|
|