|
Ikana -> RE: Како да одгледате среќно бебе? (4.5.2012 20:50:51)
|
Сепак, најважно е да останете смирени. Вашето бебе е на некој начин мало човече и многу брзо може да почне да го имитира вашето емоционално однесување, како и да осети дали сте нервозни, под стрес или опуштени и среќни. Со други зборови, кога вие се смеете и вашето бебе се смее. Слично на ова, ако имате бебе кое пати од грчеви и кое плаче со часови, најдобриот начин да се справите со него е да останете смирени , бидејќи бебињата можат да го насетат стресот. Со нов член во фамилијата, нормално е да се чувствувате уморни и изгубени, но ако мислите дека цело време сте под стрес, веднаш побарајте помош. Како што вашето бебе расте, можете да го научите колку е убаво да им помага на другите. Истражувањата покажуваат дека луѓето кои имаат значење во својот живот поретко се чувствуваат тажни. Почнете уште од најрана возраст, од 10 месеци, со тоа што кога ќе го раните бебето, дозволете му и тоа да ви даде едно залче од храната. Покажете му како неговиот гест на великодушност направил да се почувствувате. Овие мали моменти може да помогнат во негувањето на добри навики како и чувството дека вашето бебе има придонес во вашиот живот. Информациите во овој текст се извадени од неколку други текстови, и доколку сакате га ги видите оригиналните, Ве молам контактирајте ме по приватна порака, бидејќи не смеам тука линк да ставам.
|
|
|
|