blue_blue -> RE: Супа (19.3.2012 8:44:46)
|
Натушка, мислам дека после 1 година можеш веќе се да му даваш на бебето, освен некои алергени работи како јагоди, мада и то аможеш да пробаш малку па ќе видиш дал ќе има реакција. Инаку супа до 2 години не им давав од кеса, туку само домашна. Најчесто правам без месо во кој случај го ренадам морковот и го запржувам малку на зејтин, после додавам друг зеленчук ситно исецкан - целер (пашканат ставам цел и на крај го вадам од супата дека не мис е доапѓа вјусот), ставам смрзната пченка и оставам да се вари некои 30 минути. Пред да биде готово ставам сол (ако е само за децата, ако е за нас вегета или некој сличен зачин) и брокула, фиде и ако има сечкана тиквица. И го исклучувам шпоретот, но супата ја оставам на загреаната рингла. Вака фидето и брокулата ќе се сварат, а нема да бидат преварени. Истото можеш да го направиш со пилешки копан, во кој случај не го запржувам морковот бидејќи копанот ќе пушти маснотија. Стварно се прави лесно, барем за мене. После 2 години кога немам време некогаш им давам супа од кесичка има една на Маги, мислам дека се вика Супица или сега го сменија името па не знам како ја крстија, ама е за деца, без вештачки бои и има мали тестенини во разни форми. Во неа додавам секогаш рендан морков, пченка смрзната и ако имам брокула. Додека бе апомали јадеа супа со леб надробен внтаре, сега нејќат така, си јадат само супа
|
|
|
|