|
betpet -> RE: Цицање на прстето (4.3.2010 14:46:10)
|
Теодора веќе еден месец наназад го цица својот палец.И како што вели Медо, ужива во тоа, тоа го прави со сласт и со толку силен звук, што кај нас предизвикува смеа.Со обидуваме да и го тргнеме, ама она пак по свое. За оваа навика кај децата читав во една литература и има мислења од повеќе светски педијатри кои велат дека, "детето го цица палецот уште додека е во утробата на мајката.Започнувајќи го својот живот во креветчето тоа продолжува со тоа што правело и додека било во мајката, и тоа воопшто не треба да биде чудно.Во прво време детето не го усмерува прстот кој устата, туку со главата го бара својот прст.Како што доењето преставува негово задоволство така и цицањето на палецот е задоволство.Велат дека во текот на денот додека го цица својот палец, за него тоа преставува некоја играчка, со тоа што ја надокнадува својата изолација ако е оставено само. А што се однесува за тоа дека со цицањето доаѓа до искривување и деформитети на усната шуплина, тоа не е точно, зошто има дечиња кои не ги цицале своите палчиња, а сепак дошло до искривување на запчињата. Меѓутоа кога се децата во прашање, секогаш не може да се утврдат причините за настанување на ваквите појави-сите се различни и зависи од генетиката."
|
|
|
|