vezilka RR -> Омилено место за читање (22.2.2012 10:17:39)
|
Кое е вашето омилено место за читање? Каде најмногу сакате да читате? Јас најмногу сакам да читам надвор, во природа, на силно сонце, во удобна фотеља, со кафе. Ама тоа дали ми се случило неколку пати во животот. Дома најчесто читам во дневна, на кауч, со кафето обавезно и тоа откако се роди Никола, кога тој спие. Инаку најголем број од книгите што ги имам прочитано во мојов живот се по автобуски станици и во автобус. НАјмногу што мразам е кога чекам или се возам во автобус, некако го сметам за џабе изгубено време и секогаш имам книга во ташната и си го користам за читање. Моите се смеат, викаат ЈСП треба да те спонзорира со стипендија за промовирање на култура на читање, хе,хе..А и ете, тоа читањето по автобуски има некоја врска со мојата желба да читам надвор [sm=jezicek.gif][sm=jezicek.gif]
|
|
|
|