vezilka RR -> RE: Дали градот во кој живеете е безбеден (6.11.2012 15:47:31)
|
Ау, еве од скоро многу размислувам на оваа тема. Порано некако си мислев дека е безбедно, а сега богами не. Дали порано било побезбедно, дали јас сум немала страв, односно свест за тоа што се можело да ми се случи сама, на сред чаршија во 4 сабајле на пример, не знам пршање е сега [sm=smiley36.gif] Па сега откако се роди Никола два пати размислувам по кој пат ќе фатам. И се повеќе се мислам дека мнооогу ми влијае на ова чувство на небезбедност тоа што на секој чекор нешто се гради, и се си мислам од позади тоа тарабите некој ќе ми скокне. Не знам дали знаете дека за Скопје постои „црна листа“ на улици, точки по безбедност, правена според бројот на пријави од граѓани за напади, кражби и сл. НА прво место бил реонот кај Зелено пазарче
|
|
|
|