profesorica -> RE: Подочници (13.11.2009 15:25:00)
|
ВО КУЈНА ПРОТИВ ТЕМНИТЕ ПОДОЧНИЦИ Кожата околу очите е најтенката и најосетлива кожа на целото тело. Токму поради тоа се јавува проблемот на подочници и темни кругови околу очите. Имено, темните подочници се крвни капилари кои се гледаат преку тенката кожа. Причините се наследни, но можат да бидат предизвикани и од алергија и неуреден живот. Освен тоа, можат да бидат и знак за недостаток на витамин К и железо. Меѓутоа, најчеста причина за нив е нередовниот сон. Затоа, прв чекор во борба против нив е 8 – часовен сон и правилна исхрана. Нутриционистите, за таа цел предлагаат спанаќ на менито, колку што е можно почесто. Друг метод се тенки тркалца студена краставица кои се поставуваат на површината на очите. Истото ќе го постигнете и со вреќички чај од камилица, претходно ставени во фрижидер. ДРУГИ НАЧИНИ Крема од компир За оваа крема ќе ви биде потребен еден компир и две лажици сок од јаболка без шеќер. Ставете го овие две состојки во сад и измешајте ги со помош на миксер. Откако ќе се направи кремата, намачкајте ја околу очите и оставете да делува 5 минути. Крема од авокадо Земете три кришки авокадо и 5 капки бадемово масло и измешајте ги со помош на миксер. Нанесете ја кремата околу очите и оставете да делува 5 минти. Потоа, исплакнете со топла вода. Сирење Според козметичарите, сѐ што ви е потребно за борба против темните кругови е сирење и две парчиња ткаенини (газа). Ставете по малку сирење на ткаенината и ставете ја на очите 15 минути, пред да заминете на спиење. Резултатите ќе бидат вчудоневидувачки. Наместо краставица Сите сме слушнале дека компирот има природен ефект на избелување. Поради тоа, многумина го користат компирот наместо краставиците. извор:ГУРМАН
|
|
|
|