Felly RR -> Снежни игри (25.1.2012 13:49:42)
|
Знаеме дека децата го обожаваат снегот, да се санкаат, да прават снешковци, или Матеа на пр. едноставно сака да „цупа“ во снегот. Кога ја земам од градинка ја носам в раце, а таа ми вели „Мамо, цупам снегот“. И понекогаш ја оставам сама да патка, а ако е потопло времето и неколку минути си игра во двор. Имаме и два снешковци, еден дома, еден кај моите. Дали на ова ладно време редовно им дозволувате на дечињата да си играат надвор, или повеќето од времето сте дома? Што преферирате: снежни игри заедно со вашите дечиња, или седење на топло?
|
|
|
|