| 
				  Octavia ->  RE: Дали на маж ви му пријавувате се што сте купиле?  (17.5.2011 11:18:55)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Не пријавувам, ама сакам да му се пофалам [sm=smiley1.gif]. А него најчесто му е сеедно, не коментира никако, па ни убаво е/не е убаво. [sm=zmeden.gif] Ама ако претерам, како минатиот месец (потрошив околу 12 000 за гардероба, ама не само за мене, за сите дома јас купувам, и плус најмногу купив и потрошив за мм) е тогаш може да изреагира да не забегувам [sm=jezicek.gif]. Инаку, тој не е толку фер со мене и не пријавува дома, ама и тешко да забележам, оти си купува ново ова-она за во компјутер, за телефонот и сл. Тоа го дознавам од муабетите негови со „другарчињата“, ама реагирам ако е нешто навистина скапо (како кога си сменил дел од компјутерот што го чинело 200 евра, ама не сметал дека треба да каже затоа што „Па му требало“ [sm=zmeden.gif]). За мали суми не трзам одамна, ме истренирал. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |