| 
	   
	    | 
		    
			  | Rossana ->  RE: Кога да се почне со дохрана  (5.6.2010 16:55:45) |  
			  | Malku pogore e opisano prihranuvanjeto po meseci, no ovaa e malku porazlicno od drugoto...
 
 Препорачливи производи за прихранување  по  месеци                              0-4 месец се препорачува исклучиво  млеко, мајчино или адаптирано.
 
 5-от месец се препорачува  воведување на овошје: јаболко, банана, круша и  житарки: оризови и  пченкарни снегулки.
 6-от месец се воведуваат нови  видови овошје: кајсија, праска, цреши, вишни, сливи.  Во овој месец  можете да започнете со воведување на зеленчукови каши подготвени  од  морков, спанаќ, тиквици. При нивното приготвување можете да употребите и   малку маслиново масло или маргарин, за да го подобрите вкусот.
 7-от месец  при приготвувањето на   овошните оброци може да воведете и диња, боровинки, јагоди, малини,  капини,  ананас, рибизли, киви. Внимавајте на можни алергиски реакции  особено при  конзумирање на јагодата. Воведете нови зеленчукови вкусови  како: брокула,  компир, грашок, боранија, карфиол. Настојувајте грашокот  и боранијата да бидат  млади. Во овој месец се препорачува внесување на  оброк од месо и тоа пилешко  (бело месо, не копан) и јагнешко.
 8-от месец  се воведува рибата.   Приготвувајте бела риба како ослич, пастрмка и тоа само варена. Воведете  млечни  производи :кравјо сирење, путер. Од житарките воведете леб и  двопек. Овошните  вкусови збогатете ги со лимон, портокал, грејпфрут,  мандарина, грозје,  лубеница, а од зеленчукот дадете домат.
 9-от месец како нов вкус воведете  го јајцето, но само жолчката и за почеток не  повеќе од ¼, тврдо варена.  Од млечните производи воведете го јогуртот и  киселото млеко, со кои  може да го подобрите вкусот на зеленчуковите каши, затоа  што сеуште не  се препорачува засолување на храната, и приготвување на житните  каши.  Воведете бисквити како сладок оброк, тестенини и тоа: макарони, шпагети,   јувки.
 10-от месец од зеленчук можете да  приготвите зелка, праз, ќељ, да користите  пилешко темно месо и  мисиркино, воведете павлака, а може и малку мед.  Внимавајте со  употребата на медот, може да предизвика алергија.               Мелени  ореви, бадеми, лешници, костени давајте ги во 11-от  месец.
 Внесетего  и лукот при приготвување на зеленчуковите каши,  кој е познат  како природен антибиотик.
 12-от месец воведете ја белката и  тоа тврдо варена, леќата и гравот.
 po 12-от месец можете постепено да  воведувате   сол и зачини но во мали количини, слатки, свинско, тврди и  топени  сирења.
 За  цело време во исхраната на вашето дете треба да е  застапено млекото мајчино или  индустриски адаптирано.
 |   
	          | 
 |  |  |