Mila na mama -> RE: Добра книга (30.10.2009 23:05:25)
|
Тукушт ја дочитав Илјада неверојатни сонца на Калед Хосеини и сто пати се заблагодарив на судбината што сум се родила во Македонија. Луѓе мои на праг на 21 век, во 1999, царски рез без анестезија, антибиотици - мисловна именка, абортус=жица од велосипед во вагина, жени третирани како предмети тепање крвничко, понижување, силување, едноставно комплетно негирање на нивното постоење не само како личности суку како живи суштества. Се зборува за последниве 30 години во Авганистан смена на режими, политика, војна, општествени и семејни вредности низ призмата на животите на 2 жени. Моја препорака до сите рр членови.
|
|
|
|