| 
				  vezilka RR ->  RE: Големи промени во животот на детето  (11.5.2012 11:40:25)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Веројатно секое дете различно реагира на промените. Ние моментално се соочуваме со таков проблем со внука ми. Некако на детето многу му дојде, му се насобраа повеќе работи. Мајка и тргна на работа по долг период дома, таа тргна во градинка, бебињава пораснаа (Никола и братчето нејзино, Тео) и сега цело време викаме по неа, пази да не ги турнеш, не викај спијат и сл. Многу е плачлива, цело време плаче за нешто, а некогаш и не ни знае зошто плаче. И стана малку поагресивна и тоа точно кон бебињава. Понекогаш не знаеме како да се справиме со неа. Едно време почна многу често да трепка со очињата, од стрес, и си помисливме не дај боже да не се тикови. Може две-три недели беше во таква состојба. Па сега гледаме, добра е веќе, не прави така. Одлучивме дека најмногу ќе и помогнеме да се навикне на новата ситуација ако постојано и зборуваме, колку што можеме посмирено и да сме тука околу неа, сите. Се надеваме дека што поскоро ќе ја надмине кризава, ја сакам, сонце теткино, ја обожавам [sm=smiley27.gif]. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |