|
Mila mamicka -> RE: Покани за роденден (1.12.2014 15:06:31)
|
Мене лично не ми се допаѓаат поканите што може да се купат или пак тие што ги нудат фото студијата. Некако ми немаат личен белег. И за двата родендена на син ми, си одбрав слика од интернет со темата на која што ни беше целиот роденден и си најдов текстови, кои ги вметнав на сликата заедно со сликичка од син ми. Поканите беа преубави. Не знам како да ги закачам да ги видите, ама ќе ви го напишам текстот, може ќе им се најди на некои идни мамички. За првиот роденден беше вака: 26 април е прекрасен ден, затоа што мене ми е роденден. Дојдете да ја споделиме среќата и заедно да ја дувнеме свеќата. За вториот беше вака: На торта со шарени бои, моето име КИРИЛ ќе стои. И на неа голема роденденска свеќа, ќе ја дуваме за радост и среќа.
|
|
|
|