pacuvce -> RE: Кредитни картички (9.2.2010 11:34:10)
|
Шеесетти роденден на кредитната картичка Кредитната картичка, која е се попопуларно средство за плаќање во светот, денеска слави 60-ти роденден. На денешен ден, 8 февруари 1950 година, американскиот бизнисмен Фран Макнамара ја пушти во оптек првата кредитна картичка, направена од картон, со натпис „Дајнерс клуб“. Со изумот на кредитната картичка е создадена и култура на долгови или постојан минус на личната сметка. По „Дајнерс“, следело основање на „Америкен експрес во 1958 година, потоа „Мастеркард“ во 1966 година, а како последна од светски познатите картички е „Виза“ во 1977 година. Во поранешна СФРЈ кредитните картички пристигнале во 1969 година со потпишување на франшизен договор. Според најновите податоци, кредитните картички ширум светот се употребуваат дури 25 пати во секунда. -------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------------- Со мало задоцнување од еден ден да и го честитаме роденденот на кредитната картичка...Мислам дека е редно...Најдобар пријател во одредени ситуации...Е па,среќен роденден,драга наша кредитна картичке..
|
|
|
|