| 
				  miana ->  RE: Што ни беше муабетот?  (26.10.2011 12:31:25)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Малото дете и ангелот чувар      [image]http://motika.com.mk/images/stories/08-2011/voda-lami/000.jpg[/image]Си  било еднаш едно дете кое се подготвувало да дојде на свет. Еден ден го  прашало Господ: -"Господе, ми рекоа дека утре ќе ме испратиш во Светот,  но јас сум толку мал и немоќен, како ќе живеам таму?"     Бог му одговори: "Од сите ангели, еден одбрав само за тебе. Тој ќе те чека и штити.  Секој ден ќе ти пее и ќе ти се насмевнува. Така ти ќе ја почувствуваш  неговата Љубов и ќе бидеш среќен." "Добро, како ќе ги разбирам кога ќе ми кажуваат нешто, кога не го знам нивниот јазик?"- запраша детето. "Ангелот ќе ти ги кажува најубавите и најслатки зборови кои можеш да  ги слушнеш во светот и внимателно и со Љубов ќе те научи да зборуваш." "Слушнав дека на Земјата има многу лоши луѓе, кој ќе ме штити?" – загрижено продолжи детето. Господ се насмевна и му рече: "Твојот ангел секогаш ќе те заштитува, па било тоа и по цена на неговиот живот." Детето го погледна Господ и молчеливо рече: "Но, јас сум многу тажен што не ќе можам повторно да те видам." "Твојот ангел секогаш ќе ти зборува за мене и ќе ти ги кажува патеките кои те водат до мене." Тогаш во рајот настана тишина и гласовите од Земјата допреа до него.  Детето сфати дека треба да оди па го постави последното прашање: "Господине, ако сега морам да одам, Те молам, кажи ми како се вика мојот ангел" Господ одговори со голема насмевка: "Не е важно како се вика, ти ќе го викаш МАМА". 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |