Џесика -> RE: Бабини деветини или вистина??? (22.7.2010 0:37:13)
|
Не сум се оптеретувала со такви работи, некои ми имале логика, некои не... додека бев бремена мајка ми ми викаше да не прерипувам кабел за да не се замота папочната врвкаоколу вратот на бебето...јас, нормално не пазев,низ цел стан имавме кабли, и коа се породив докторите ми рекоа дека сум имала среќа што имам долга папочна врвка, трипати било замотано околу вратот... ај случајност... а за белезите мислам дека има некоја логика... на зет ми мајка му коа била бремена одела на гости и позади грбот криела букет од рози... и зет ми има на плешката огромен белег во облик на роза....јас имам на задникот белег од цигара,малку издеформирана, мајка ми џапнала скришум, и се пушело на жената... свекрва ми воопшто не верува во такви работи, ама мајка ми за тоа е отров... не ми викаше ЧАО, да не се оставаат навечер алишта од бебето... кожа од риба да не јадела трудница пошто бебето коа ќе го бањала ќе и се лизгало од рака како риба [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image] не се ставало дете пред огледало дур не е крстено, и еден тон други, што не сум сигурна колку држат вода...
|
|
|
|