|
blue_blue -> RE: "Духови" од минатото (12.12.2011 15:51:19)
|
Јас пак не го разбирам во целост мажот ти. Него толку малку му вреди вашиот брак и ти за да му е толку лесно да го раскине? Ова ко изговор му доаѓа за да се испукува на тебе? ОК, си згрешила или не си згрешила, тоа е ствар на перцепција. Ам еве и да си згрешила, он повреден е па не знае како да се носи со тоа па најлесно е да те навреди? Па, и он е возрасен човек и или може да се носи со ова или не. Толкава недоверба мене не ми укажува баш на толку солиден и среќен брак...Јас тргам од себе - јас не би реагирала ич сите бивши маж ми да ги има на ФБ и нек се глеа со нив ако сака...Важен ми е неговиот однос со мене и колку тој мене ме цени, сака и се грижи за мене, а кој му е пријател на ФБ ич не ми е гајле... И на крај на денот - нек реши што сака - сака да биде со тебе и ти верува или не? Извини, ама мене ми е смешно да раскинувам брак ради пријател на ФБ. Или нешто смрди тука подлабоко што ни ти ни он не сакате да си го признаете, или он е стварно луд (доколку нели се ова што ти го викаш е точно, а верувам дека е) и ништо не му значи бракот, т.е. во состојба е да го раскине ради своето повредено его и приказната која он ја измислил.
|
|
|
|