Животот на село, благодет за секоја трудница (Целосна верзија)

Форум >> [Бременост] >> Бременост и породување



Порака


profesorica -> Животот на село, благодет за секоја трудница (10.9.2009 13:46:05)

Животот на село за време на трудноста го намалува ризикот од астма и го штити новороденчето од појава на некои алергии, велат новозеландски научници.



Истражувачите од Massey University веруваат дека изложеноста на трудницата на услови каде има животни и бактерии, добро влијаат врз имунолошкиот систем на фетусот, пишува European Respiratory Journal.

Според најновите резултати, животот на село може многу да придонесе против развој на астма, односно за половина да го намали ризикот за разни алергиски реакции на идното новороденче.

Во студијата учествувале 1.300 деца чии мајки ја поминале трудноста на село.

Како дополнителен заштитен фактор е доколку детето порасне на село и селска околина.




Melanija RR -> RE: Животот на село, благодет за секоја трудница (13.2.2014 21:12:25)

Кога се зборува за здрави деца, честопати се споменува и животното опкружување како значаен фактор за нарушување на општата здравствена состојба, со мало меланхолично сеќавање на старите генерации “како животот на село овозможуваше разни содржини и не принудуваше да бидеме физички активни, за разлика од денешните деца и млади кои се изгубени во градскиот живот, помеѓу зградите, хаусторот и замрачените соби опремени со компутер …
Со ова се наметнува и една крајна цел – за зачувувањето на здравствената состојба на децата и младите , пожелно е и треба да се размисли за некоја нова миграција , но овој пат од град кон село.

Извор:Кинезиологија
-------------------------------------

нова миграција , но овој пат од град кон село.

Ова е моментот но со оглед на економската состојба во РМ ,каде што е се поврзано со Скопје тешко дека е возможно.
Зарем има поубаво од чист утрински воздух, прошетка на дете до училиште, благодет за трудница.




Страница: [1]