Санитарија (Целосна верзија)

Форум >> [Семеен живот] >> Совети за домаќинки



Порака


Snowhite RR -> Санитарија (27.7.2011 8:25:43)

Бидејќи моментално го правиме спратот од куќата и сме стигнати до купатилото, односно до водоводот па пред да се направи треба да одлучиме за некои работи. Затоа би сакала совет од вас во врска со уредувањето на купатилото, односно санитаријата
Па еве вака, ние сакаме да купиме моноблок шоља, ама некои велат дека морало по двапати да се пушта вода, па дури и со леген за убаво да „истера“.
Потоа во врска со чешмите дали е подобро од ѕид или од лавабото да излегува? Исто така сакаме под лавабото понатаму да си направиме како шкафче со врати со полици за чување на некои работи внатре. Е сега јас мислам или да купиме готови, ама се доста скапи, така да не знам дали ќе ни стигнат парите сега за тоа или да купиме само лавабо, без столб, за да можеме пнатаму сами да си направиме. Ама така, во една продавница ни рекоа дека во тој случај лавабото ќе треба да биде прицврстено на ѕид и не е стабилно и ако некој се потпре посилно може да го скрши.
И најважното, се двоумиме дали када или туш кабина да купиме. Не е многу големо купатилото, кадата ќе ни зафати голем дел, ама е попрактична. Мајсторот за туш кабините рекол дека на многу места каде што му имал наместено туш кабнини по неколку години го викале да им ги вади праваните и да остане само када, бидејќи се искривувале и не знам што, потоа дека кабината не е практична за жена, бидејќи не може внатре да капи дете, да пери итн. Од друга страна малку простор зафаќаат и плус кога одиш да се тушираш купатилото ти останува чисто не ти се водени.
Ајде ве молам за совети, треба за 2 дена да ги донесаме овие одлуки за да може мајсторот да почне да работи




kuklica -> RE: Санитарија (27.7.2011 11:33:32)

vaka znaci nie go pravevne kupatiloto pred 1,5 god.Postavivme tus kabina ali kako kada dlaboka taka da mozis da si isperes i kebe slobodno a kamoli nekoja pomala rabota dete uste poslobodno mozis da si iskapis (90x90 e) em nema da go napravis celo kupatilo lom.Znaci spored mene sekogas tus kabina ali dlaboka da bide kadata.
A za umivalnik cesmata nikako nemoj da ja postavuvas vo zid i da gi busis plockite em izgleda grdo em staromodno znaci kakov i da bide umivalnikot cesmata na nego da bide pricvrstena a ako ne si vo moznost sega da postavis od onie sto se kako komodi (nie imame takva i epten mi se pogodi ) samo umivalnik so cizma odozdola ti e okolu 1800 den znaci koga ke sakas da postavis komoda isplatlivo e skros da go izvadis posto so komodickite si odi i umivalnik.
e sega soljata ne razbiram kakva e taa, ako e od onie sto se zakacuvaat vo zid znam deka ne se prakticni moze odma da se razmrda a i kazanceto posto se vgraduva vo sidot vnatre ako se rasipelo trebelo cel zid da se kopa, a ako zboris za onie solji sto e kazanceto pricvrsteno na niv se odlicni i dovolno e samo 1 da pustis voda [sm=smiley1.gif]( takva imame)
Mislam deka malku ti olesniv ako treba nesto prasuvaj pozz




AnnaMolly RR -> RE: Санитарија (27.7.2011 12:10:31)

Ние имаме прилично мало купатило и моравме туш кабина да ставиме. Ама многу ќе ми беше поубаво со када, во поглед на бањање на детето. Во купатилото на долниот кат ќе ставиме када, никако туш кабина!

А лавабото ни е стаклено! На изглед е преубаво, цело стакло, со интересна чешма, како од фонтана тече водата. Ама за чистење е кошмар! На секое миење раце МОРА да се брише за да не фати бигор. Во прва прилика го менуваме!

[image]http://www.glasssinks.info/images/KRAUS-GV101-450-3.jpg[/image]

Еве, потполно исто вакво лавабо имаме.




Bethany RR -> RE: Санитарија (27.7.2011 12:24:28)

Ние во станот каде живеевме претходно имавме таква туш кабина што ја куклица спомнува. Значи туш кабина, ама тој подолниот дел, е како када длабока и може да ти слуши и како када да се наполни со вода. Оваа беше ептен таква целосна кабина со тие тушеви масажери и слично, што воопшто нема да се употребуваат, ама сигурно има подлабоки туш кади-кабини и без тоа. Да не зборам дека нон-стоп ти е суво купатило што е закон!
Чесма на лавабо беше од лавабо и многу убаво изгледа, с тим што долу беше додадено такво плакарче што сакаш ти. И лавабо е прицрстено за ѕид, а долу е плакарче. Не знам како би можело да спадне, нема ти да скачеш на него. [sm=smiley1.gif] И супер практично е.
Е а вц шоља беше причврстена на ѕид не на подот долу, и казанче беше вградено во ѕид и супер беше. Мислам дека толку време никакви проблеми немавме. Не знам да ли е тоа таква моноблок шоља? Оваа шоља е од тие што кога пустиш вода, малку се нивото во шоља подигне ко да ќе истекне, али нема [sm=smiley36.gif] Многу убаво спираше.
Тоа е моето искуство и да правам јас купатило , пак овакво би направила.




Bethany RR -> RE: Санитарија (27.7.2011 12:31:18)

Еве и слика, ако нешто ќе ти значи, само немам од шоља. [sm=smiley36.gif]
Значи, купатилото беше мало, ама толку добро наместено да е практично, а не тесно.

[img]http://www4.slikomat.com/11/0727/s4n-stan1.jpg[/img]




Snowhite RR -> RE: Санитарија (27.7.2011 22:50:08)

[image]http://www.koding2.mk/galerija/proizvodi/zoom/valentina/bal.jpg[/image]

Ова е моноблок, значи шољата и казанчето поврзани како едно. Е сега вакви има од 4-5000 ден до 18 000 ден
Во врска со лавабото најверојатно како што му кажале на мм, а и ние кога разгледувавме сите се такви да чешмата излегува од лавабо.
Ако се одлучам за туш кабина сигурно ќе биде од тие подлабоките како кадичка.
Како и да е, ви благодарам за одговорите
Чекам ајде и другите, сега брзо доста од вас се вселуваа во нови домови, па ајде кажете какви елементи ставивте во купатилата. А и оние кои се од поодамна вселени нека кажат како им се погодиле или не им се погодиле елементите.
Се надевам дека оваа тема ќе им помогне и на другите кои доправа ќе градат или реновираат дома




Natuska85 -> RE: Санитарија (27.7.2011 23:44:20)

незнам дали ти се верува ама станав отидов до купатилото за да видам точно шолјата каква ни е[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] .Ич не сум по тие детали такви,а може и дека беше веќе се наместено во станот кај нас.Значи вака,ние имаме ваква шолја како шо ја викаш моноблок и ок е,има две дугмиња,за по мала и по голема нужда де[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] .Во предходниот стан кај што бевме под кирија имаше шолја која излегуваше од зидот,и казанчето беше вградено во зидот и многу финтаџиско ми беше.Тука сега во нашиот стан имаме када,ама големо ни е купатилото,е сега понатаму ако купиме сушара може да ја смениме и со туш кабина ама баш таква малку поголемка,со подлабока кадичка.Мм на таква имал мерак,неќе ич када[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image] .За практичност мислам дека попрактична е кадата,пошто можеш да се навалиш да запереш нешто,или да измиеш коса,или дете да бањаш во неа,а во туш кабината неможеш тоа.А за да ти биде суво купатилото можеш и на кадата да ставиш параван,таков како на туш кабината(околу 100 евра е за на када) и пак ќе ти биде чисто купатилото после бањање. Лабавото ни е класично,чешмата излегува од лабавото,а мислам дека и повеќето се такви.Ако те интересира нешто друго поконкретно повели




Snowhite RR -> RE: Санитарија (28.7.2011 0:00:34)

А јас мислиш сум по такви детали, ама маката ќе те натера[sm=jezicek.gif]
Фала ти за ова до сега, утре сабајле пак ќе излегуваме да разгледуваме па ако ме интересира уште нешто ќе прашам




Snowhite RR -> RE: Санитарија (29.7.2011 9:14:28)

Вчера посетивме уште една продавница, која ни на крај памет немаше да ми падне ако не ни ја кажеа, и искрено најдобар избор имаше и цените им беа поповолни во однос на другите. Најверојатно се ќе купиме оттаму, се надеваме дека можеби ќе ни дадат и попуст, како и да е кога ќе купиме ќе ви поставам слики




Felly RR -> RE: Санитарија (31.7.2011 18:38:48)

Местете и поставувај слики, може и ние ќе се решиме да го реновиреме. Се нешто не ни се погодува времето, тамам ќе си речам, ајде почнуваме, ќе излезе нешто[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
Јас сакам туш кабина, ама со подлабока кадичка што се, и лавабо со плакарче, со вратнички, да може нешто внатре да се стави, и да не може Матеа да чепка.




Snowhite RR -> RE: Санитарија (31.7.2011 18:57:45)

Ние на крај када купивме, ама убава е не е како класичните емајлирани кади од времето и оваа е правоаголна, ама внатре е малку како на нивоа, така помодерна и најверојатно ќе ставиме комбиниран туш и наместо завеси ќе ставиме паравани, па така ќе си имаме и туш кабина и када.
А за лавабоа со плакарче, освен во Виварта, во сите други се истите, мене не ми се бендиса ниту едно, па затоа купивме само лавабо, а понатаму сами ќе си правиме мебел за купатило. Е сега во врска со чепкањето ќе треба ако е долу да се стави клуч или да се постават горе на повисоко, во спротивно знаат и да отворат и пак да чепкаат, тие мали палавковци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]




Felly RR -> RE: Санитарија (31.7.2011 19:48:17)

Јас ги врзувам вратничките кај што може да дофати. Така и во купатило планирам, врзани вратничките, и да не може да отвори.




Џесика -> RE: Санитарија (31.7.2011 21:29:06)

Среќа наша пред да се вселиме во куќава, во станот го имавме реновирано вц-то и ставивме туш кабина пошто вц-то беше ненормално мало, ја земавме длабока како када, ама мене лично ми се смачи кога е во прашање одржавањето...  па тоа пур-пената коа почна да се одлепува, да потемнува...ужас!!! Во куќава инсистирав на када и тоа без никакви паравани. Среќа Борјан до тогаш го бањавме во корито, не знам во кабината што ќе правев, никаков пристап немав...
Мијалникот ни е со шкафче од него, најмногу заради практичност, све внатре чувам [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley36.gif[/image] за шољата немам коментар, земавме една специфична, и 2 месеци капак не можевме да најдеме за неа [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/jezicek.gif[/image]




Natuska85 -> RE: Санитарија (31.7.2011 22:12:21)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Ние на крај када купивме, ама убава е не е како класичните емајлирани кади од времето и оваа е правоаголна, ама внатре е малку како на нивоа, така помодерна и најверојатно ќе ставиме комбиниран туш и наместо завеси ќе ставиме паравани, па така ќе си имаме и туш кабина и када.
А за лавабоа со плакарче, освен во Виварта, во сите други се истите, мене не ми се бендиса ниту едно, па затоа купивме само лавабо, а понатаму сами ќе си правиме мебел за купатило. Е сега во врска со чепкањето ќе треба ако е долу да се стави клуч или да се постават горе на повисоко, во спротивно знаат и да отворат и пак да чепкаат, тие мали палавковци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]



И нашата е таква ама малку тешка е за одржување,горе ми се насобира вода и ако не ја исчистиш може да се изморкиш несакајќи после некое време кога ќе помониш за нешто.Ама штом сте ја купиле веќе создравје да си ја користите,инаку закон ми е да си ја наполнам внатре, пења си правам и си лежам,пошто баш таква нели не е права,него закосена доаѓа па и рацете има кај да си ги потпреш,уживанција[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/bravo.gif[/image]




Slagjana -> RE: Санитарија (31.7.2011 22:17:23)

ИЗВОРНА ПОРАКА: Snowhite RR

Ние на крај када купивме, ама убава е не е како класичните емајлирани кади од времето и оваа е правоаголна, ама внатре е малку како на нивоа, така помодерна и најверојатно ќе ставиме комбиниран туш и наместо завеси ќе ставиме паравани, па така ќе си имаме и туш кабина и када.
Е сега во врска со чепкањето ќе треба ако е долу да се стави клуч или да се постават горе на повисоко, во спротивно знаат и да отворат и пак да чепкаат, тие мали палавковци[image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/smiley1.gif[/image]


Баш ме интересира како изгледа кадата и колку е долга. Ко ќе ја наместите да ставиш слики да ја видиме. А за да нема чепкање во шкафчиња заклучувањето е многу досадно. Мора и клучот да го вадиш и да го криеш повисоко оти и него ќе го зема. Така ние си ја заклучивме кантата за ѓубре и еднаш цел ден си го баравме клучот. После најдовме нешто специјално за таа намена во Џамбо во Скопје. Се продаваат по 2 во пакување околу 180 ден. Има и бели и црни и се многу практични. Се лепат на вратите од шкафчето и дете не може да ги отвори, а за возрасни е многу лесно.




Страница: [1]