RE: Дали некогаш сопругот ве навредил со погрдни зборови и ваша реакција на тоа? (Целосна верзија)

Форум >> [Партнерство] >> Семејство и партнерски односи



Порака


Neurotoxin RR -> RE: Дали некогаш сопругот ве навредил со погрдни зборови и ваша реакција на тоа? (2.1.2015 10:40:56)

Ме нема навредено, ама затоа еднаш јас многу јако го навредив, али имајте на ум дека ме извади од кожа со муабетите и однесувањето и едноствано од моја уста излета нешто што во истиот момент ме наежи и се мразев себеси, али стварно ме извади од кожа тогаш. Така да вие кои сте биле навредени, запрашајте се некогаш во која ситуација ве навредиле и како вие сте постапувале кога некој дошол до тоа ниво за да мора да изусти некој погрден збор. Јас мислам дека бев на рбаот на нервен слом тогаш. Али не викам дека едноставно на некој тоа му е начин на изразување и без некоја голема причина навредуваат. За нив немам коментар.




Sunshine88 -> RE: Дали некогаш сопругот ве навредил со погрдни зборови и ваша реакција на тоа? (30.11.2015 16:20:03)

Никогаш не употребил навредлив збор, ниту па било каков збор кој ќе ме повреди, омаловажи...Ниту па ја на него. Кај нас тоа не постои и е неприфатливо, за двајца што се сакаат, што се во брак, што се делат...Да го навредам, или да ме навреди...би ми се срушил светот. И коа сме лути(читај јас скога сум лута, зошто тој никогаш не ми се лути) не се расправаме, не се караме...не се лигавиме, едноставно седнуваме и правиме муабет за проблемот. Никогаш никој не не дознал кога сме си биле лути..Така беше и во врска така и сега во брак, ништо не е сменето.




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 [3]