RE: Папче (Целосна верзија)

Форум >> [Бебе] >> Новороденче, бебе



Порака


Bethany -> RE: Папче (29.12.2014 11:09:04)

Гардениа, јас го чистев само со хидроген 3% и не се сеќавам дали продолжив и понатаму, изгледа дека да.
А и на синчето после паѓањето неколку дена се уште имаше по малку крв, ама не беше проблем, така педијатар ни имаа кажано, па потоа престана.




Ilina87 -> RE: Папче (29.12.2014 13:29:56)

Gardenia, јас мислам дека нема потреба уште да се става хидроген или алкохол. Така се сеќавам, дека дури да падни ставав алкохол, хидроген и прашок виоплекс, а потоа мислам не треба.




sandriana RR -> RE: Папче (29.12.2014 15:28:21)


ИЗВОРНА ПОРАКА: Gardenia

Нас сабајле ни падна папчето,е сега треба ли да продолжам да го чистам со алкохол и натаму и да ставам прашок? И има едно како жолто и нешто како засушена крв изгледа,дали така треба да биде?

Додека не се затвори убаво папчето чисти го со алкохол,а ако има по малку сукрвица продолжи со прашакот. За 10тина дена би требало скрос да е суво и чисто.




Felly RR -> RE: Папче (17.9.2015 11:21:40)

На К папчето му падна на 6тиот ден. Го чистевме со 3% хидроген, и потоа стававме Цителиум. Малку ме исплаши пред да падне, имаше како капка крв, ама матичната ме смири по тел, дека најверојатно сум ставила поголема количина хидроген па од тоа се растворило струпчето и изгледало како крв. Др ден го виде, и рече ок си е, продолживме уште неколку дена со хидрогенот, ама пак има како црнко внатре, ми е страв да го тргнам - дали да го чепкам, или да го оставам така само да падне?




lukajana RR -> RE: Папче (17.9.2015 12:10:29)

Felly rr јас ставав хидроген и 70% алкохол ,исто ни падна на 6ти ден папчето и патронажната сестра убаво и го исчисти цело папче со алкохол и стапче за уво.
И мене ми беше страв да го чистам така првите денови ама после се навикнав,пробај така да му го исчистиш или на бањање ако го легнуваш ке му раскисне само ке се исчисти




Страница: <<   < Претходна страница  1 2 3 [4]