Bethany -> RE: Трудници во третото тромесечје II - од 27. до 40. недела (10.7.2011 13:15:36)
|
Драге труднице, поздрав и од мене! Ве читам секој ден, чисто да сум во тек, ама некако сум помрзелива да пишам. Анет , и јас вчера излегов вечер да прошетам, меѓутоа, за прв пат толку ми отекоа нозете и рацете, и сум убедена дека е од жешкото. Еве и сабајле се будам со такви прсти на рацете како ќебапчиња и вените на рацете ми набрекле, ама што да правам, знам дека е од жешкото. Ќе гледам да избегнувам солта, мада до сега немав проблеми со отоците, ама па и не беше овака топло досега. Јас од утре сум 31 недела, и мене допрва ќе ми претстојат овакви денови. Ама нема да се жалам, ми е најбитно се да е во ред со сонцето мало. Исто и јас малце се замислив од вчера, некако вагиналниот секрет како да ми се зголемил, ама во смисла дека гаќите ми се нон-стоп мокри, ама мислам дека пак од жешкото, од потта, па нека не Господ само чува. Инаку за тоа стврднување на стомакот, мојата пријателка која веќе е трет пат бремена, ми кажаа дека тоа бебето веќе во недели во кои сте вие се склупчува на едно, па на друго место. Јас немам се уште такво искусено, можеби е рано, ама дефинитивно е пораснало мало мое срценце оти неговите движења сега знаат и да здоболат ептен. Ама нека . [sm=smiley1.gif] Поздравче до сите [sm=rozica.gif]
|
|
|
|