hoho -> RE: Трудници во третото тромесечје II - од 27. до 40. недела (9.7.2011 11:12:41)
|
Да ви кажам и јас цело време мислам на тоа, не на мене туку за бебушот, дали ќе биде се ок, само тоа ми е битно, а кога ќе дојде моментот за пораѓање нема да има време за ниакакви мисли како и што ќе помине. А што викате дека стравот е присутен само кај тие што ќе се пораѓаат во државно мислам дека не е така. Еве јас ќе се пораѓам здравје во Систина а стравот е ист, нема врска државно или приватно, секој доктор сигурно ќе си ја изврши работата како што треба, немојте да мислите дека е нешто поразлично. Јас одам во систина само заради сите трауми што ги доживеав во првата бременост, и докторот во систина што ми помогна за се. Да било се ок ќе размислев дали да се пораѓам таму, зошто многу работи ќе се купат со тие пари, а верувам дека докторите се сегде супер и си ја вршат работата како што треба. Нема место за паника, само психата си е појака и додека не дојде моментот ќе си мислиме на се и сешто. Здравје сите ќе си поминеме со лесно[sm=smiley31.gif] Поздрав, имајте убав ден, мада колку може да биде убав на пеколново време незнам [sm=smiley36.gif] ама ние сме јаки женски, ќе издржиме се
|
|
|
|