| 
				  Mila na mama ->  RE: Кое е најмалото родено бебе?  (5.3.2010 13:10:05)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Со тежина од 275 грама и должина од 27 сантиметри, во јуни минатата година во германскиот град Готинген родено е најмалото машко бебе на светот.   Поради компликации во бременоста, лекарите одлучиле дека неговата мајка треба да се породи со царски рез во 25-та недела.   Половина година лекарите се бореле за животот на бебето, а во декември минатата година бебето ја достигнало тежината од 3.700 грама, па лекарите одлучиле дека е добро и може да ја напушти болницата.   Според лекарите во болницата во Готинген, ова е досега најмалото машко бебе, а пред него се родени три девојчиња со помала тежина.   Најлесното родено женско бебе тежело само 244 грама      Izvor: Makfaks 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |