Bethany -> RE: Шкртање со забите? (7.8.2013 9:12:38)
|
Во последно време приметувам кај син ми дека многу шкрта со забите и тоа така силно ги стисне и сиот се напне, како да му помага за нешто. Има 16 заби, до четворките значи, со тоа што тројките и четворките не му се излезени целосно. Дури горните четворки се излезени само по половина, тоа третото шиљче само вири, а четврто го нема се уште (ако ме разбирате, не знам како да објаснам поинаку). Можно ли е дека и тие пробиваат па го тоа иритира? Да напоменам дека веќе неколку денови има непријатен задах од устата, иако се грижиме за хигиената, ама задахот потсетува на устајаната крв, мада во устата не гледам нешто слично, освен многу мали црвени трагови околу тројките кои не изгледаат загрижувачки. И да, веќе неколку денови нејќе ништо да загризе/одгризе со забите, како да има некој проблем, а само шкрта со нив. Што може да биде?
|
|
|
|