| 
				  Martins mom ->  RE: Напредни деца  (25.8.2011 8:40:51)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Долго време се мислев дали да пишам, само за да не личи како фалба[sm=smiley9.gif][sm=smiley9.gif] Пред некој ден кога го носев Мартин на развојно советувалиште, докторката ми рече дека моето дете било реткост, дека треба да се работи со него, ама штета што ни е ваква државичката, па не нуди ништо за ваквите интелегентни деца[sm=zmeden.gif] Ајнштајн е роден[sm=smiley36.gif] Тоа беа зборовите  на докторката[sm=smiley13.gif][sm=zmeden.gif] Ало жено па моето дете има само 18 месеци и како што кажа весна погоре знае (добро не 10-тина, ама 70-тина[sm=smiley36.gif]) збора повеќе од двегодишните деца, брои до 10 и собира (пр. 2 и други 3, тоа се 5 топчиња), ги знае и изговара и имитира скоро сите животни што ги имаме во албумот, рецитира и пее повеќе од 20 песнички и што ми е најчудно разликуваме веќе 5 бои:црно, бело, зелено, црвено и жолто. Зборуваме буквално се, ама баш се и знаеме форми круг, коцка...и големина, мало, помало, најмало, поголемо...Ги знае сите жители на нашата улица по име и кажува тој му е татко на тој и тој, онаа му е баба на оној, значи и сродствата ги научил[sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif][sm=smiley36.gif]   Не сум го форсирала ништо, ама уз игра тоа што ќе му го кажам, му влегува во глава. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |