haley -> RE: својата нервоза врз детето (23.3.2010 13:08:36)
|
Барам тема на која можам да поставам прашање па налетав на ова случајно :) не знам дали знаете, ама да шлапнеш,удриш дете со закон е забрането во скоро сите земји на ЕУ ? :) значи, го шлапнеш, некој те види,чуе и сл. ти доаѓа социјално на врата со полиција и ти го земаат детето. Потоа го испитуваат случајот итн. Овој закон само што го активираат во франција па доста полемики се потргнаа .. јас лично за онаа од примерот на мами оф оф, да и го одземат детето на некое време па да видиме после дали ќе истура бес и нервоза врз мало дете Според мене, шлапнување така по газ , раче од време на време , ај, би рекла ’не е во ред ама ние (родителите) не сме перфектни’ ама така да го удира, тепа тоа ми е болно и малоумно и јас викам полиција да пријавам такво нешто, ич око не ми трепнува. Најодвратно во целото ова ми е тоа што се покажува дека дури и во овој случај мајка=дете испаѓа дека владее законот на посилниот. Значи, мајката може да го тепа детето ова не може да се брани , не може да и’ врати и таа си го зема ова право. Истовремено, кога некоја жена трпи физичко насилство , го трпи затоа што некој посилен од неа ја удира, таа не може да врати и пораката останува дека Тој што е посилен тој може да си прави што сака.
|
|
|
|