| 
				  Calypso ->  RE: Гиниколози - препораки  (5.4.2011 11:32:33)
			   | 
			 
	        
			   
		          
				   Andriance, Самарџиски е извонреден и најтопло го препорачувам. Тој ме породи, а пред тоа ми ја следеше бременоста во последните два месеци. Човекот е навистина одличен, детално ќе ти каже се што те интересира, голем професионалец е. Камо сите доктори да беа такви. Инаку точно е дека е во среда во амбуланта и постојано има гужва кај него.      Ана бебе, јас сум задоволна од Бојаџиев, првиот преглед, т.е утврдувањето на бременоста и детекција на срцевата акција правев кај него, и човекот е добар. Но млад е, некако повеќе имам доверба во поискусни гинеколози, а тој ми се чини, скоро завршил со специјализацијата. 
				  
	           | 
	         
	         
	           
			  	   | 
	         
		   
		 | 
	   
	 	  
	 |