Snow Queen -> RE: Фрлање на букетот (30.10.2011 23:25:01)
|
Во врска со местењето на бидермаер, никогаш не би местела, нека биде среќата дента на кого му е пишана. Истата радост и среќа ќе го има и таа на која би и го местела или таа што навистина со среќа го фатила ( дури мислам дека никогаш лично јас не би можела да бидам среќна доколку некој би ми го фрлил намерно - а тоа да го знам ) Стоењето на машки ама воопшто не ми се допаѓа, и знам дека кога ќе правам свадба на музиката има да и кажам да најави дека е само за женски, а ако има и машки нема да го фрлам се додека не се тргнат,ќе чекам, дури и не би го фрлила, би направила финта некоја после во играње или нешто слично само машко да не го фати. ПОДВЕЗИЦА- се почест адет во Македонија. Можеби е ова лекот машките повеќе да не стојат за бидермаер Интересен адет, само што лично јас ако би го правела-тоа би било со согласност од сопругот (бидејќи прво треба и негова желба за тоа, а и негова е свадбата не само моја), а и кога би имала согласност од сопругот, подвезицата би ја закачила доле на зглобот од ногата, и со рака да ја извади сопругот, како кога девер обува чевла. За фаќање бидермаер мојот омилен дел од свадбата другарките почнаа "експерт" да ме викаат зошто до сега од 8 свадби во последниве 2 години имам фатено 4 бидермаери + еден подарено на братучетка ( бидејќи никогаш нема фатено, а и пред чинот искоментира: јас воопшто не застанувам, штом ти стоиш теорија нема да фати некој друг ) Така да не верувам во тоа кој ќе го фати нареден е за мажење, прост пример сум јас која имам врска скоро 6 год., инаку навистина уживам во тој чин, не верувам дека постои девојка која не би посакала да го фати. Не сакам тепачки околу бидермаери во еден случај каде што јас и кумата (ќерка на кумот) го фативме го пуштив бидејќи е кума, но во друг случај каде јас и машко фативме е 2-3 минути стоев ама на машко не пуштам - зошто не му е местото да стои за бидермаер. Хехех и сега во сабота сум на свадба ќе видиме што ќе биде смеење [sm=smiley36.gif]
|
|
|
|