blue_blue -> RE: што јадете на работа? (30.3.2015 9:45:31)
|
Тие на Виталиа во чашите се ОК, ама мислам дека се прескапи, плаќаш амбалажа и убаво спакувано... Мој предлог ти е да си купиш од Виталиа во кеиќка 4 житарки (снегулки од овес, рж, јачмен и пченица), а можеш и на кило истиве да си ги земеш од продавница за здрава храна, од секоја од овие 4 земи си по 100 гр. и нека ти ги измешаат. Купи си исто од продавница за здрава храна микс од 4 семки и нека ти го сомелат (интергален сусам, лен, сончоглед и тиква) + чиа семки и купи си некои јаткасти непечени (лешник, орев, бадем, индиски ореви) и црно чоколадо. Јас ова се имам на работа во фиока и си правам свои мусли - неколку лажици од мешаниве житарки, 2 лажици од семките, 1 шака од јаткастите и 1 ред црно чоколадо и преливам со јогурт. Неверојатно вкусно и да...држи многу повеќе од белине пецива кои се полни со адитиви и ништо здраво нема во нив...пробај па кажи
|
|
|
|