Весна -> RE: Положба на спиење кај бебето (1.2.2010 11:57:31)
|
Јана се` уште е мала, па не се врти, како и да ја ставам така и си спие. Туку, јас така троа почесто ја заспивам, така што ја ставам на стомачето долж моите гради, а јас полу легната. Таа ќе си го сврти главчето на страна и потонува, си ги крева нозете како жабец, ужива така да спие, па и јас заспивам. Којзнае како ќе ви звучи сето ова, ама ме загрижува она со SIDS... нели спиењето на стомак ја зголемува веројатноста да дојде до тоа, но вака легната на мене не знам колку тоа е тоа, сепак колку и да сум заспана реагирам на секое нејзино мрднување. Што мислите вие, исто ли е ако е легната на стомачето кај мене или сама во креветчето? [image]http://www.ringeraja.mk/forum/smileys/zmeden.gif[/image]
|
|
|
|