profesorica -> RE: Долги нокти? (24.8.2009 11:17:40)
|
За совршени нокти Со pоловина лимон добро истријте ги ноктите и оставете лимонската кисeлина да делува 15тина минути. После тоа, измијте ги рацете и намачкајте ги со хидратантна крема. Nокти Еднаш неделно правите купка за нокти од маслиново масло. Загрејте го маслото во мал сад, тргнете го од огин и држете ги ноктите десетина минути, веднаш не ги мијте со вода и сапун, туку исполирајте ги со мека крпа. Цврсти и здрави нокти Секогаш кога ќе одлучите да ја поминете вечерта пред телевизор, искористете ја можноста и ставете ги рацете во сад со вода во кој има и маслиново масло (ги зацврстува ноктите) и сок од половина лимон (ги зајакнува ноктите и им дава сјај), претходно загреани на пареа. По 15 минути, со водата во која ви беа рацете измасирајте го секој нокт посебно, а потоа нежно избришете ги.
|
|
|
|